Ресторан дизајниран според филозофијата на Слоу Фуд

НовостиЛуѓе, места и хранаРесторан дизајниран според филозофијата на Слоу Фуд

Сподели

Герт Бурема го води ресторанот Меркелбах, кој се наоѓа во историската зграда Хуизе Франкендаел и го носи името според познатиот германски архитект Бен Меркелбах кој во минатото живеел таму. Зградата е сместена веднаш до паркот Франкендаел во квартот Ватерграфсмер во Амстердам.

Од 2004 година, Герт е во можност да им понуди мени на гостите во Меркелбах што го презентира неговиот пристап кон храната. Тој има работено во десетици ресторани во Амстердам, но Меркелбах беше неговата прва можност да отвори свое сопствено место. Во кујната се користи само сезонски зеленчук, месо од локални фарми и свежа риба. Герт знае од каде доаѓаат сите состојки, ги знае прозводителите кои го снабдуваат лично, и е голем пријател со повеќето од производителите кои се дел од холандските президиуми на Слоу Фуд. Тој ја сака холандските рурални предели и за неколку месеци и тој ќе започне да одгледува зеленчук и да одгледува животни на околу 3 хектари земја оддалечена на еден час од Амстердам, пасија, која е во можност да ја оствари благодарение на помошта во кујната која ја има од страна на младиот готвач Џери Гоншаров.

Герт сака да биде опкрежен со млади луѓе, и многу од нив работат со него и истовремено учат за да отворат свои сопствени бизниси. Меркелбах исто така беше седиште на младинската Слоу Фуд мрежа во Холандија, кои ја водат зеленчуковата градина за едукација во соседниот парк. Герт, кој се чувствува како татко на младинската организација на Слоу Фуд, редовно е домаќин на нивните настани.

gert-burema-3

Зошто Герт се приклучи кон Алијансата на готвачи?
Тоа е следниот чекор. Тој беше член на Слоу Фуд уште од основањето во 80те, активен поддржувач на проектите за млади и е љубопитен да патува и открива нови производи и производители. Во 2012 учестуваше на собирот на Алијансата во Италија, и на својот пат до дома ја откри Лигурија при што се заљуби во локалниот грав Пигна. Денес тој редовно го готви овој грав, заедно со повеќе производители на президиуми од Холандија (како, Кемпен Ламб, Ваден Зи риба и Схам пиле) и низ светот (Трасимено грав, Рокаверано робиола, Римбас црна пипер, Манара ванила). Ресторанот Меркелбах е отворен секој ден од 8:30 наутро и нуди огромен избор на колачи, торти и кафе за доручек. За ручек и вечера можете да изберете од мениото на несекојдневни јадења како и традиционални холандски рецепти, со креативни карактеристики на допирот на Герт.

Повеќе за ресторанот тука.

Фото кредит © restaurantmerkelbach.nl

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...