Слоу Фуд Македонија и MиГ Травел ве водат на: Тера Мадре 2018

НовостиБавни вестиСлоу Фуд Македонија и MиГ Травел ве водат на: Тера Мадре 2018

Сподели

Слоу Фуд Македонија и MиГ Травел ве водат на: Тера Мадре 2018

Бидете дел од најголемиот и најексклузивен глобален настан за гастрономија, од 20-24 септември 2018 во Торино, Италија

Во регионот Пиедмонт и градот Торино, Италија од 20-24 септември ќе се одржи 12-то издание на меѓунарониот саем на Слоу Фуд: Тера Мадре Салон дел Густо. Ова е најважниот настан кој е посветен на културата на храната. На настанот ќе учествуваат 160 земји, 800 изложувачи на храна, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре.

Целосна програма на настанот:тука

Тера Мадре Салон дел Густо е настан кој се организира на секои две години. Оваа година, Слоу
Фуд одлучи најголем дел од активностите и изложувачите да ги смести на просторот на саемот Лингото, но и во музеите и кралските палати низ Торино. За да ви го донесе поблиску овој настан, Слоу Фуд Македонија во соработка со туристичката агенција „МиГ Травел, Битола“ организира 7 дневен аражман во градот Торино и регионот Пиедмонт.

 

1.Информации за турата:

Патувањето опфаќа посета на саемот Тера Мадре Салон дел Густо, градот Торино со неговите
знаменитости како и тура во регионот Пидемонт кој е познат како регион каде што се произведуваат едни од најквалитетните вина во светот.

1 ден | 18.09.2018 | вторник | Битола-Скопје-Торино
Тргнувањето ќе биде од Битола пред спортската сала „Младост„ 06:00 часот, Скопје „Дрводекор“ во 09.00 часот. Се патува преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција. Патувањето ќе се одвива со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор на барање на патниците.

2 ден | 19.09.2018 | среда | Венеција
Пристигнување во утринските часови во Мира Мирано, со воз се патува во Венеција, на полудневна екскурзија низ градот. Во 13 часот враќање во Мира Мирано и продолжување на патувањето за Торино. Пристигнување во Торино на саемот Лингото за најава на делегацијата. Патување до хотелот и сместување. Ноќевање.

3. ден | 20.09.2018 | четврток | Отварање на саемот
После појадокот се оди на настанот Тера Мадре. Оваа година саемскиот дел ќе се одвива во саемот Лингото во Торино. Планирана е тура за запознавање со настанот во периодот 12-16 часот, старт пред Македонскиот штанд. Целодневна посета на настанот. Враќање во хотел . Ноќевање.

4 ден | 21.09.2018 | петок | Тера Мадре и разгледување на Торино
После појадокот, напуштање на хотелот и упатување на настанот Тера Мадре. Факултативна посета на Базиликата на Суперга, гробница на повеќе принцови и кралеви од династијата Савоја. Разгледување на гратчето Венариа Реале и факултативна посета на палатата „Региа ди Венариа“ и стадионот на „Јувентус “ посета на музејот и шопинг центарот кои се наоѓаат во негов склоп. Ноќевање.

5 ден | 22.09.2018 | сабота | Тера Мадре и прошетка низ Торино
После појадокот, се упатуваме на настанот Тера Мадре. Денот може да се помине на саемот или во разгледување на Торино, факултативна можност за разгледување на градот со панорамски автобус. Прошетка низ паркот Валентино – еден однајзначајните симболи на Торино, во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, потоа кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Прошетката можете да ја продолжете кон Mole Antonelliana (Музејот на кинематографијата), од каде се пристигнува до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија. На истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam.
Се продолжува кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Romа, на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори. Факултативна посета на некој од музеите: Музејот на кинематографијата, Египетскиот музеј, Воениот музејот. Враќање на саемот, органзирање на групата и враќање во хотелот. Ноќевање.

6 ден | 23.09.2018 | недела | Винска тура низ Пиедмонт
После појадокот, напуштање на хотелот. Се упатуваме во посета на еден од најпознатите вински региони во светот: го посетуваме Бра, градчето каде се роди идејата за Слоу Фуд, а денес е седиште на организацијата. Полензо, седиштето на Универзитетот за гастрономски науки и познатата „Банка за вино“ ( Banca del Vino), каде може да се дегустираат неколку стотици на вино. Потоа во Монфорте Д`Алба, градче во чија околина каде што се произведуваат најдобрите вина и потоа одиме во градчето Бароло, по чие име го носи едно од најпознатите вина од регионот. Ќе ја посетиме винарската визба „Маркези ди Бароло“ и ќе уживаме во дегустацијата на нивното Бароло. Последната станица на денот ќе биде во Гринцане Кавур, замок во кој се наоѓаат винскиот музеј и регионалната винотека на регионот Пиедмонт. Враќање на Тера Мадре, собирање на групата и потоа враќање во хотелот. Ноќевање.

7 ден | 24.09.2018 | понеделник | Посета на Тера Мадре и шопинг.
После појадокот, се упатуваме на Тера Мадре.
Слободно време за шопинг на саемот, бидејќи е последен ден и има снижување на цените, во ексклузивните продавници околу кралската плата и во трговскиот центар Лингото. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија.

8 ден | 25.09 2018 | вторник | Пристигнување во Македонија
Скопје во попладневните часови, Битола во доцните попладневни часови.

 

2.Цена на аранжманот

• 17.700 денари,

Во цената на аранжманот вклучено е:
• превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација, локалните трансфери и екскурзии за време на патувањето, вклучително:
o посета и разглед на околината на Торино
o посета и разглед на Пиемонте регионот*
• сместување во двокреветни соби во хотел со 3* на база 5 ноќевање со појадок
• 5 дневна пропусница за саемот
• организација и реализација на патувањето, водење на кратки тури на Тера Мадре Салоне дел Густо од „Слоу Фуд Македонија„

*)екскурзијата ќе се реализира доколку навремено се пријават најмалку 20 лица, заради навремена резервација на термините и понудените цени на влезниците кои се доставени до нас.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување

Екскурзија во Венеција:
• билет за воз на релација Мира Мирано – Венеција: 2,65 евра во еден правец

Екскурзија околу Торино:
• Базилика Суперга влезница: 5 евра
• Региа ди Венариа влезница: 16 евра
• Музеј на Јувентус : влезница 15 евра

Винска тура во регионот Пиедмонт:
• Банка за вино: посета и дегустација – 6,5 евра
• Винарија Marchesi di Barolo: посета и дегустација – 6,5 евра
• Замок Castello Grinzane: влезница – 6 евра

• се што не е наведено во програмата

Напомена:
• Калкулацијата е правена на целосно пополнет автобус со 49 патници, би ве замолиле за навремено пријавување и уплата на вашиот аражман, најдоцна до 06.09 2018.
• Аражманот е наменет за членови на Слоу Фуд во Македонија
• За оваа програма важат општите услови за патување на МиГ Травел

 

3.Информации и уплата:

Информации и пријавување:
Николче Николовски, Слоу Фуд Македонија, nikolce.n@slowfood.mk; 070 922 429

Уплата:
АГЕНЦИЈА – Т.А. МИГ ТРАВЕЛ
Бул. 1ви Мај 202/лок.2
ТЕЛ: 047 512 512
МОБ: 076 296 296
info@migtravel.mk
migtravelagency@gmail.com

Сметка: 270 0718965601 31
ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...