[rev_slider alias=”pridruzinise”]

Нашиот заеднички избор, може да влијае на начинот на кој се одгледува и произведува храната, со цел на Светот да му се овозможи  здрава, чиста и квалитетна храна.

Слоу фуд, го поттикнува секој да забави во животот и да ги користи своите сетила и свесно да ужива во квалитетот на храната, да научи да избира добра храна, произведена во хармонија на животната средина и локалната култура.

Слоу Фуд го измисли терминот копроизоводител, со цел да ја потенцира моќта на потрушувачите.

Ко-производителите, можат да ги поддржат локалните земјоделци, рибари, сточари, млекари и т.н., не само со купување на нивните продукти исто така и со ширење на голем број информации и совети кои тие ги нудат.

На овој начин, можеме да научиме повеќе за квалитетот и да ги зголемиме нашите знаења, колку е важно нашиот дневен оброк да биде здрав и вкусен.

Чекори бавно во својот живот

  1. Одгледувај сопствена храна. Макар и тоа да е на твојот прозорец.
  2. Купувај разновидни производи. Зготви ги. Изеди ги.
  3. Купувај локална храна. Дознај што се одгледува и подготвува во таа сезона.
  4. Избегнувај преработена храна, со голем број на состојки. Јади вистинска храна.
  5. Секогаш кога е можно, дознај за потеклото на храната која ја купуваш.

Чекори бавно  во својата заедница

  1. Приклучи се на локалната Слоу Фуд заедница.
  2. Придружи се на локалната заедница и произведувај храна заедно со останатите.
  3. Ракувај се со рацете од кои се храниш. Запознај ги луѓето кои ја произведуваат храната која ја консумираш. Купувај од зелените пазари, посети фарма или задруга поддржана од заедницата,
  4. Готви и јади со другите- не само со семејството и пријателите. Донесете нови луѓе и перспективи на масата.

Дознај повеќе за локалната  храна и нејзината историја и  гастрономска култура.