Национален одбор:
Националниот одбор (НО) е управен и извршен орган на организацијата и ги спроведува одлуките на Националниот конгрес, кој го врши изборот. Во неговиот состав влегуваат членови на Слоу Фуд, со неспорни заслуги и докажан придонес во градењето и работата на организацијата. Националниот одбор избира Претседател кој е формален и правен застапник на организацијата, еден од избраните членови на Националниот одбор. (член 19 Статут на СФМК)