Да ги спасиме пчелите и фармерите

НовостиБавни вестиДа ги спасиме пчелите и фармерите

Сподели

Европското земјоделство стигна до ќорсокак. Ден по ден, биолошкиот диверзитет што го одржува системот на храна полека исчезнува – ставајќи ја иднината на нашата храна, нашите животи, здравјето и животната средина под сериозна закана.

Пчелите и останатите инсекти-полинатори играат значајна улога во зачувување на биодиверзитетот и земјоделството.  Тие се интегрирачки дел од нашиот систем на храна, започнувајчи од запрашувањето на растенијата, а завршува како вечера на нашите трпези.

Без пчели, голем дел од дивите и култивираните растителни видов повеќе нема да постојат. На пример ФАО и Обединетите Нации предвидуваат дека 71 од 100 растителни видови кои обезбедуваат  90% од храната се опрашени од пчелите.

Со години, Слоу Фуд активно работи да се подигне свесноста на драматичниот пад на глобалната популација на пчели и повикува на забрани за користење на опасните пестициди и уништувањето на биодиверзитетот кој е поврзан со овој пад.

Слоу Фуд се придружува кон кампањата зачувајте ги пчелите и фармерите

Денеска се приклучуваме на иницијативата на Европските Граѓани : Зачувајте ги пчелите и фармерите! ние сме посветени на афирмација на  одржливо земјоделство поддржано од пчелите низ Европа.

Иницијативата на Европските Граѓани предводена од PAN Europe, ја повикува Европската Комисија да воведе легални предлози за:

  1. Отсранување на синтетички пестициди до 2035 година. Да се отстранат синтетичките пестициди од Европското до 80% до 2030, започнувајќи со најопасните и да дојде 100% ослободување од синтетичките пестициди до 2035 година.
  2. Обновување на биодиверзитетот. Да се обноват природните еко-системи во земјоделските подрачја за земјоделството да стане вектор на обова на биодиверзитетот.
  3. Подршка за фармерите во преод. Да се реформира земјоделството со приоритет кон малите производители, диверзитетот и одржливото земјоделство. Подршка и зголем раст на агроеколошките органски заштитни средства и овозможување на независни тренинзи за фармерите, како и истражувања за влијанието на пестицидите или земјоделството без ГМО.

Доколку собереме најмалку милион потписи Европската Комисија и Европскиот Парламент ќе бидат должни да ни одговорат на барањата. Ве молиме помогнете ни да ја оствариме оваа цел: секој потпис е важен!

Потпис за иницијативата на линкот

*)Петицијата се однесува на граѓаните кои живеат во земјите на ЕУ.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...