Teра Мадре форум: Дали иднината ќе биде медена?

НовостиКонвивијалноTeра Мадре форум: Дали иднината ќе биде медена?

Сподели

Познатиот биолог Едвард О. Вилсон напишал: „Доколку целокупното население исчезне, животот на планетата Земја ќе се регенерира и повторно ќе го достигне еквилибриумот кој постои десетици илјади години. Но доколку исчезнат инсектите, светот и животната средина ќе бидат во целосен хаос.“

Без присуство на пчелите, голем број на диви и култивирани растителни видови нема повеќе да постојат. Според светската организација за храна и земјоделство (ФАО), дури 71 од вкупно 100 растителни видови, кои претставуваат 90% од секојдневната исхрана на светското население зависат од поленизацијата на пчелите.

Покрај поленизацијата, пчелите се заслужни за бесценети производи како медот, поленот, матичениот млеч, восокот и прополисот, кои дел од исхраната на човекот уште од самите почетоци.

Денес се соочуваме со големи предизвици кои се резултат на климатските промени, појавата и ширењето на различни болести и паразити, употребата на монокултури како и нерегулираното користење на пестициди кои што придонесуваат за исчезнувањето на голем број видови на пчели, но и негативно се одразуваат врз пчеларството во светот па и кај нас.

Затоа е неопходно секој еден пчелар да ја почитува природата, да користи одржливи производни практики и секако да ги применува минималните хигиенски барања со што би се добил безбеден производ.

Бидете дел од втората панел дискусија „ Дали иднината ќе биде медена? “, која ќе се одржи на 17 декември 2020 година (четврток), на платформата zoom, со почеток во 18:00 часот и дознајте повеќе за тоа каква е ситуацијата со пчеларството во нашата земја, како и искористеноста на можностите за регистрација на малите производители на мед и останати производи од пчели.

Учесници:

  • м-р Борче Павлов, експерт за пчеларство и пчелар  
  • Сашко Арсов, Раководител на секторот за Ветеринарно Јавно Здравство, Агенција за харана и ветеринарство – Скопје
  • Горан Алексовски, претседател на , ЗГ „Македонска пчела“ ,  Негорци (MacBee) 
  • Нацо Јовчевски , пчелар, „Пчеларник БН“, с.Дихово, Битола
  • Иван Додевски, пчелар, „Пчеларство Додевски“, с. Рудник, Велес

модератор: Емилија Неделковска, Слоу Фуд Македонија

Целта е да се поддржат локалните производители на храна од мал обем во процесот на регистрација на нивните производни капацитети и истовремено да се разменат добри практики и примери.

Пријавување на учесници: slowfood.macedonia@gmail.com (најдоцна до четврток 17.12 2020, до 16 часот)

Дискусијата е во рамки на проектот „Практична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство“, кој е поддржан од Мрежа за рурален развој на Република Северна Македонија преку проектот NAGE – Вмрежување и застапување за зелена економија, финансиран од Европската унија.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...