Aко го зачуваме биодиверзитетот ќе ја зачуваме и Планетата

НовостиБавни вестиAко го зачуваме биодиверзитетот ќе ја зачуваме и Планетата

Сподели

Биодиверзитетот е насекаде околу нас, а заштитата преку  агроекологија е единственото решение што го имаме за зачувување на локалните заедници, локалната храна и Планетата!

„Сега повеќе од кога и да е, ако сакаме да обезбедиме „Добра, Чиста и Правична храна за сите“, потребно е да се започне од биодиверзитетот и да се промени системот на храна кој продолжува да генерира еколошки и социјални катастрофи и да ги поткопува темелите на сигурноста на храната за сегашните генерации, но и за иднините“, се вели во пораката на Еди Мукииби, потпретседател на Слоу Фуд.

Што се однесува до нашата храна, ние сме опкружени со биодиверзитет дури и ако не го гледаме: микроорганизмите во почвата ја гарантираат нејзината плодност, додека ферментираната храна како леб, чоколадо, сирење, вино и пиво се производи на микробиолошкиот биодиверзитет . Ферментацијата е предизвикана од квасец, габи и бактерии кои се наоѓаат во почвата, на пасиштата и во производствените средини.

Но, не застанува тука: биодиверзитетот придонесува за здрава, разновинна исхрана на повеќе начини. Локалните растителни сорти и раси на животни – како и дивите видови – често имаат поголема содржина на хранливи материи од соодветните комерцијални и култивирани верзии. Храната и стиловите на исхрана што се добри за здравјето на луѓето се исто така оние што имаат помало влијание врз животната средина на планетата.

„Ние треба да ги поддржуваме локалните заедници кои избрале, сочувале и репродуцирале семе, подобрувајќи го приносот, вкусот и хранливата вредност на голем број зеленчуци, мешунки и житни култури“, повикува Серена Милано, генерален секретар на Фондацијата Слоу Фуд за биодиверзитет

Ние можеме само да ја добиеме оваа битка заедно. Слоу Фуд до денес преку своите активности и проекти континуирано работи на зачувување на биодиверзитетот. Тоа низ бројки изгледа вака:

  • Слоу Фуд президиуми: 617 во 79 земји (од кои 5 президиуми во Македонија)
  • Арка на вкусови:  5501 производи во 150 земји (36 производи од Македонија)
  • Пазари на фармери: 74 во 28 земји (1 пазар во Македонија)
  • Алијанса на готвачи: 1034 шефови во 26 земји (10 во Македонија)

Денес, Слоу Фуд го промовира новиот документ со ставови на организацијата за биодиверзитетот. Превземи го од тука.

Одбележувајќи го Меѓународниот ден на биодиверзитетот, испраќаме порака: Aко го зачуваме биодиверзитетот ќе ја зачуваме и планетата!

#SlowFood #BiodiversityDay @UNBiodiversity #ForNature

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...