Зградинарство и мешункулинарство – бесплатен вебинар на Zoom

НовостиБавни вестиЗградинарство и мешункулинарство - бесплатен вебинар на Zoom

Сподели

Чест ни е да ве поканиме на 22 април среда во 18:00 часот заедно да го одбележиме Денот на планетата Земја со онлајн вебинар на Зум, при што ќе ги разгледаме причините и начините за задоволување на дел од прехранбените потреби со јадливи растенија одгледани и приготвени во домашни услови, поточно на балкон и во стан. Посебно внимание ќе обрнеме на тоа како се одгледуваат и приготвуваат мешунките – грав, наут, папуда – пред сѐ како извор на протеини.

Здравствената, еколошката и економската криза, деновиве ни посочуваат колку суштински сме поврзани како заедници, многу повеќе отколку што ни дозволува бруталниот економски систем да си замислиме.

– Иако сме затворени по домовите, да бидеме погласни од порано! Сега е време за креативна борба во услови на ограничено движење, да семенуваме со нови начини за надминување на неодржливиот систем.
– Да ги претвориме прозорците, терасите и градините во простори за конструктивен протест, одгледувајќи јадливи растенија дома, да развиеме локални алтернативи на неефикасните канали за дистрибуција на храна.
– Да изградинариме солидарност и да осмислиме делотворни начини за споделување храна со заедницата, соседствотото и блиските, да ги поткрепиме и осилиме ранливите.
– Да набавуваме храна од локалните семејни земјоделски стопанства и задруги, а не од меѓународните супермаркетски синџири! Да купуваме храна непосредно од земјоделците, локалните пазари и продавници.

Пријава за учество на линкот тука.

Овој вебинар е соработка меѓу граѓанските организации Зелената арка и Слоу фуд, што произлегува од сличните вредности и цели на проектите – „Агриколаб – платформа за колаборативни агроеколошки пракси“ и „Храна за промени како одговор на климатските промени“ – што двете организации соодветно ги спроведуваат.

*Настанот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ.
Проектот е финансиран од Европската унија.

______________________________________________________

Зелената арка е граѓанска организација што преку примената на пермакултурниот дизајн, агроекологијата, регенеративно земјоделство и циркуларната економија се залага за прехранбен суверенитет, семенска слобода и развој на регенеративни култури. Со цел да се развиваат нови начини за локално организирани општествени заедници, што можат постојано да се приспособуваат на предизвиците во глобално нарушените екосистеми.

Слоу Фуд (Slow Food) е меѓународна, организација со подржувачи, кои го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон нивната заедница и животната средина. Како алтернатива на брзата храна, настојува да ги заштити од исчезнување традиционалните и регионалните кујни, да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население. Во своите аспирации слоу фуд филозофијата наоѓа заеднички цели со носителите на идејата за одржливо земјоделие, заштита на животната средина и спречување на климатските промени.

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...