Гурмански филмски викенд 1

НовостиЕдукацијаГурмански филмски викенд 1

Сподели

За овој филмски викенд, ви подготвивме избор на филмови каде што храната се третира рамноправно како и улогите што ги имаат главните ликови.

Храната и филмовите одат заедно! Секако прво што ќе ви дојде на памет е пуканки и филмови. Но не е баш така црно-бело на филмското платно. Бидејќи храната е една од централните теми во животот, таа била и добра инспирација за филм, меѓу повеќе режисери и сценаристи. Така, светската кинематографија е богата со повеќе извонредни филмови што се темелат на гастрономските задоволства во животот.

Направивме првична селекнција на вистински филмови за храна, по чие гледање ќе ви ја разбуди вашата страст за храна. Се надеваме дека по гледањето на некој од нив ќе бидете инспирирани да посакате нешто да зготвите или да си каснете. Во меѓувреме предлагајте и вие филмови за храна, на вашите профили, користејќи ги хаштаговите #СедиДома, #БидиСлоу кои ќе ги вклучиме на следната листа, на која веќе имаме резервирано место за вистински гурмански ремек дела од филмската уметност.


1.Чоколада / Chocolat (2000)

Жилиет Бинош е прекрасна дама, која како постојан патник селејќи се од место во место заедно со својата ќерка пристигнува во едно конзервативно француско гратче во 1960 година, каде отвора продавница за чоколади. Жителите на градот се освоени од нејзините вкусни чоколади со исклучок на лошиот градоначалник кој организира бојкот на нејзините декадентни неморални задоволства. Во приказната се вмешува и Џони Деп, ирски циган, кој истотака е расположен за патување. Забавен, секси и интересен филм исполнет со извонредна глума и многу чоколадни задоволства.


2.Џули и Џулиjа / Julie & Julia (2009)

Филмот што привлече мераклии за готвење и јадење во киносалите, ја следи вистинската приказна за блогерката Џули Пауел, која ја игра Ејми Адамс, која се обидува со готвење да се пробие по патот на легендарната готвачка Џулија Чајлд и нејзиниот готвач „Усовршување на уметноста на француското готвење“. Во филмот всушност се раскажуваат две паралелни стории на жени кои ги остваруваат своите соништа. Во ликот на Чајлд, Мерил Стрип го отелотвори ликот на легендарната готвачка. Инспиративната порака на филмот е всушност, како Чајлд го живеела својот живот; следи го сонот, кој и не мора секогаш да биде перфектен.


3.Гозбата на Бабет / Babette’s Feast (1987)

Дански филм според истоимениот роман на Карен Бликсен за Французинка во Данска која е прифатена од свештеник. Таа живее во угнетувачки свет каде што земните задоволства не се дозволени, но кога ќе добие на лото сите пари ги троши на гозба во чест на човекот кој ја прифатил кога таа имала потреба од заштита. Пазарењето и подготовката за вечерата се пребогати, а сторијата е пријатна. Овој филм е добитник на „Оскар“ за најдобар странски филм и високо котира на повеќето листи. Ниту една листа на филмови со храна не би била комплетна без него.


4.Тортилја супа / Tortilla Soup (2001)

Секогаш величенствениот Хектор Елизондо глуми патријарх вдовец во семејство на Американци со мексиканско потекло. Елизондо, шеф кој го загубил чувството за вкус, се обидува да го држи заедно своето семејство (три прекрасни ќерки) преку задолжителни богати неделни вечери. Колку повеќе тие се обидуваат да се оддалечат толку повеќе тој се обидува да ги задржи. Филм со вистински семејни вредности со прекрасни сцени со готвење, филм што се темели на познатиот кинески филм „Јади, пиј, маж, жена“.


5.Храна за душа / Soul Food (1997)

Уште еден филм што се темели на кинескиот „Јади, пиј, маж, жена“, но овој пат од гледна точка на Афроамериканци. Без семејните вечери на мама Џо откако таа ќе биде хоспитализирана, нејзините ќерки почнуваат да се оддалечуваат, само за да го најдат својот пат инспириран од храната за душа на мама Џо. Добрата актерска екипа предводена од Ванеса Вилијамс и Вивика А. Фокс, прави овој филм да прерасне во ТВ-серија.


6.Големата вечер / Big Night (1996)

Двајцата скарани браќа кои перфектно се одиграни од Стенли Тучи и Тони Шалуб поседуваат италијански ресторан заглавен во проблеми. Тие не можат да разберат како главно досадниот ресторан од спротивната страна на улицата успешно работи, додека нивната спектакуларна храна не успева да им донесе клиенти. Очајни, тие прават план за да го намамат познатиот Луис Прима во ресторанот и да го послужат со луксузен оброк што сигурно ќе ги стави на ресторанската листа. Претстојното планирање и готвење е сензационално. Едноставно, ова досега е најдобриот филм за храна.


7.Келнерка / Waitress (2007)

Во овој шармантен филм Кери Расел е келнерка во локален ресторан во кој се прават најдобрите пити што некогаш сте ги пробале. Бремена и во брак без љубов, таа се надева дека нејзините пити ќе ја извлечат од малиот јужен град, и од нејзиниот брак. Питите што таа ги прави се темелат на нејзините надежи и соништа, како и на очајот на нејзиниот живот. Расел блеска и е опкружена со силни споредни ликови. Дали овој филм заслужува „Оскар“? Воопшто, но питите изгледаат неверојатно добро.


8.Тампопо / Tampopo (1985)

Сте слушнале за шпагети вестерн? А за јапонски тестенини вестерн? Оваа смешна и прониклива јапонска сторија испреплетува неколку приказни, а сите се вртат околу храна. Во централната приказна се инволвирани шеф кој сака да научи како да ги направи најдобрите тестенини во земјата, и возач на камион и постојан патник сличен на Клинт Иствуд кој му помага во патувањето. Нешто како Зен и уметноста на тестенитите, овој филм ја покажува вистинската љубов за храна и луѓето кои ја прават и уживаат во неа.


9.Жена на врвот / Woman on Top (2000)

Уште еден филм каде што жената ги користи своите готвачки вештини за да побегне од лошиот брак, но овој пат тоа е прекрасната Пенелопе Круз, бразилска готвачка која се претвора во божица на готвачките шоуа. Филмот е оригинален и возбудлив, но сепак Круз е прекрасна во главната улога, и со храната како метафора за животот, таа осознава дека не и’ треба маж во животот, дека треба да готви и да биде само своја.


10.Рататуљ / Ratatouille (2007)

И за крај еден филм кој со задоволство би го погледнале цела фамилија, заедно со најмладите. Рататуљ е американска анимирана комедија, продуцирана од Пиксар, а објавена од Волт Дизни. Насловот се однесува на францускиот специјалитет рататуј, а главниот лик е еден стаорец по име Реми, кој сонува да стане готвач и се обидува да ја постигне својата цел откако ќе се здружи со момче од париски ресторан. По премиерата овој филм ги доби симпатиите и на критиката и публиката. Извонредната анимација беше наградена и со оскар, како една од четирите номинации.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...