Усвоена иницијативата: Шар Планина за Национален парк и Осоговските планини за заштитено подрачје

НовостиБавни вестиУсвоена иницијативата: Шар Планина за Национален парк и Осоговските планини за заштитено...

Сподели

На денешната седница на Владата беа усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

„Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации.

„Прогласувањето на овие две подрачја што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, исто така значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам“, изјави министерот Насер Нуредини за одлуките на Владата.

Oвие одлуки се резултат на долги години на работа и лобирање на повеќе научници и институции, како и на граѓански иницијативи, пред се на колегите од Македонско еколошко друштво (МЕД) на чии работилници и средби со месното население учествувале и претставници на Слоу Фуд.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...