Избрани најдобрите творби на конкурсот на „Полжавче“

НовостиЕдукацијаИзбрани најдобрите творби на конкурсот на „Полжавче“

Сподели

Повикот за песни, цртежи и фотографии списанието „Полжавче“ го објави во првиот број на списанието, објавен во декември 2020 година. Освен во печатеното издание, конкурсот во јуни беше обајвен и на официјалната веб страница на Слоу Фуд Македонија и на страниците на социјалните мрежи, но и во дневниот печат.  Конкурсот беше затворен на 15 септември, а на него пристигнаа триесет и седум песни, триесет и еден цртеж и седумнаесет фотографии од ученици од трето до деветто одделение од основните училишта во Македонија, со тоа што право на учество имаа сите училишта без разлика дали се дел од проектот Слоу Фуд Училишни градини.

Поетесата Вера Андон одлучуваше за најдобрите песни, академскиот сликар Владимир Здравески одлучуваше за најдобрите цртежи, а фотографот и графички дизајнер Горан Трсунов ги избра најдобрите фотографии.

Сите наградени творби се објавени во печатеното издание на вториот број на списанието „Полжавче“ чија промоција се случи на 22 демекври на платформата Zoom.

Исто така наградените твроби се поместени и во електронското издание на  „Полжавче“ бр.2

Сите наградени ученици и ментори ќе добијат дипломи и печатени примероци од „Полжавче“ бр.2

На сите учесници најиксрено им се заблагодаруваме, а на наградените им ги честитаме наградите!

РЕЗУЛТАТИ ОД ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС:

1.Ликовен конкурс

1.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

Миа Цветковска, V-в оделение              

OOУ „Кирил Пејчиновиќ“ -Општина Кисела Вода

ментор: Елена Јовановска Бендовска

Втора награда:

Maрија Величковска V-2 одделение

ООУ “Кирил и Методиј”, с.Стајковци, Скопје

ментор: Елена Антонова

Трета награда

Бисера Секулоска III-1 oдделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Даниела Јораданоска

1.2. Категорија: шесто и седмо одделение

Прва награда:

Марија Трајаноска VI-3 одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

Втора награда:

Каролина Кузмановска VII-2 oдделение

ООУ “Коста Рацин”,  с.Брвеница, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Трета награда:

Јана Танчевска VII3 одделение

ООУ “Св.Климент Охридски”, Битола

ментор: Димитар Димитров

1.3. Категорија осмо и деветто одделние

Прва награда:

Teoна Ѓерасимовска 8-1 одделение

ООУ “7 Марси” с.Челопек, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Втора награда:

Сања Јовановска

ООУ “7 Марси” с.Челопек, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Трета награда

Mиа Димевска IX oдделение

ООУ „Даме Груев“,  Битола

ментор: Соња Јанкуловска

2.Литературен конкурс

2.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

„Овошје и зеленчук“

Ања Милеска, IV-г одделение

ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

ментор: Елизабета Трајкоска

Втора награда:

„Градина“

Хана Мечева IV-3 одделение

ООУ „Блаже Конески“, Прилеп

ментор:Весна Арсиќ

Трета награда: 

„Овошната градина на дедо“

Александар Кироски  IV одделение

ООУ „Гоце Делчев“-Тетово

ментор: Соња Трифуновска

2.2. Категорија: шесто и седмо одделение

Прва награда:

„Полжавче“

Исак Стојков, VI одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Eлена С. Караџоска

Втора награда:

„Слатки шумски плодови“

Илина Шукуроска, VI одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Eлена С.  Кaраџоска

Трета награда: 

„Градината на мама“

Наила Емчоска, VII одделение

ООУ,,Јунус Емре“ с.Лисичани, о.Пласница

ментор: Билјана Софронијевска

2.3. Категорија осмо и деветто одделние

Прва награда:

„Град на проколнатите“

Марија Јовеска VIII – 4 одделение

ОOУ „Климент Охридски“ , Прилеп,

ментор: Наташа Милеска Михајлоска

Втора награда:

„Јаболче мое мило“

Лаура Кајџаноска, VIII-4 одделение

ООУ „Климент Охридски“, Прилеп

ментор: Наташа Милеска Михајлоска

Трета награда: 

„Брканица-турканица“ 

Бојана Илиева 8 одделение

ООУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево

ментор:Тодорка Стоименова

3.Конкурс за фотографија:

3.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

Тале Мицелинов – V одделение

OОУ „Васил Главинов“ објект 2, Велес

ментор: Лила Арсова

Втора награда:

Евгенија Илиева – V-3 одделение

ООУ„Тошо Велков-Пепето“, Кавадарци

ментор: Зорица Милкова

Трета награда:

Кристина Стојческа – IV одделение

ООУ „Гоце Делчев“, Тетово

ментор: Соња Трифуновска

Творба на статијата:

Марија Трајаноска VI-3 одд. ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...