Летните топли денови, често претставуваат и дилема, што да се зготви. Денови кога апетитот се губи и идеите што да се подготви за ручек. Во период со изобилство на разнобојни зеленчуци во градината не треба да се размислувате многу.
Kомбинацијата со мешунки богати со протеини и едноставоста во подготовката се доволни причини да ве убедиме да ја подготвите оваа летна чорба. Не сме доволно убедливи? Еве уште неколку: здрава, брза, но и вкусна. Додадена вредност на овој рецепт е тоа што се подготвува од сурови и евтини намирници, кои се достапни во овој дел од годината.
Состојки:
- 200 гр. наут (сув);
- 1 тиквичка;
- 2 пиперки;
- 1 домат;
- 1 главица целер заедно со лист;
- 1 главица кромид;
- 3 моркови;
- 1 чешне лук;
- 3 чаши супа од зеленчук;
- 3 лажици маслиново масло;
- 2-3 ловорови листа;
- 1 лажиче мелен црвен пипер;
- ½ лажица брашно
- 1/2 лажиче ким
- 1/4 лажиче црн пипер,
- 1/2 лажиче сол.

Подготовка:
- Подгответе го наутот од претходниот ден: измијте го, ставете го во сад и прелијте го со вода (двапати поголема количина) нека отстои најмалку 12 часа во водата за да набабри;
- Загрејте го маслиновото масло во поголемo тенџере. Додајте го исечениот кромид, морков и целер. Гответе, мешајќи често, додека кромидот не омекне и не стане стаклест, околу 5 минути;
- Додадете ги претходно ситно исецканите пиперки, лук и ловоровиот лист. Гответе додека не замириса во кујната, проследено со често мешање, околу 1 минута;
- Додадете ја тиквичката исечена на ситни коцки и гответе уште 1-2 минути;
- Додадете го исечениот домат, наутот, зеленчуковата супа и 1/2 лажиче сол. Подигнете ја топлината и доведете ја смесата до вриење, а потоа покријте го садот и намалете ја топлината и гответе 10 минути;
- Во меѓувреме, растворете 1/2 лажица брашно во 1/2 чаша ладна вода, измешајте до мазна конзистенност и додадете во чорбата. Добро ставете го и гответе уште 5 минути;
- Tргнете го тенџерето од огнот, а потоа отстранете ги ловоровите листови. Пробајте на вкус и зачинете со мелениот ким и бибер, промешајте вкусовите да се соединат и се рашири нивниот мирис, дајте им време да „пропеат“. Доколку ви треба уште малку сол, додеадете, во зависност од вашите лични преференци;
- Сервирајте во чинии, излијте со маслиново масло и додадете ситно исцекан лист од целер.
Белешки:
Ви предлагаме да примените неколку совети кои се пријатели на климата, преку намалување на отпадот од храна и рационалното трошење на енергијата во кујна.
- Најдобро е претходно да подготвите зеленчукова супа, со остатоци и отпадоци од вашата кујна. Се она што ви останува од зеленчукот додека готвите, како отсечени делови од моркови, целер, пашканат, надворешни лушпи од кромид, дршки од магдонос и целер, стебленца од блитва и брокула или корен од спанаќ, ставете ги во тенџере, наполнете вода, малку посолете и оставете го бавно да се варат. На крај процедете ја и спакувајте ја во тегла или некој друг погоден сад.
- Најчесто правете го после подготовката на ручекот со цел да ги искористите загреаните рингли или рерна, така што нема да трошите повеќе електрична енергија и супата нема да ве чини скоро ништо. А ќе добиете хранлива и вкусна супа, која ќе ви послужи како основа за следните оброци кои планирате да ги подготвувате. Чувајте ја во ладилник до една недела или замрзнувач до 2 месеци.
Рецептот е споделен во рамки на кампањата #ПосенПеток од страна на Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија