Мирисот на марципан

НовостиЛуѓе, места и хранаМирисот на марципан

Сподели

Божиќ еднствено ме потсеќа на именденот на татко ми и марципанот. Тие секавања до ден денес ми се свежи и ме потсеќаат на едно убаво време, време на моето најрано детство. Имендените во тоа време беа доста значајни и свечен чин. Припреми се правеа месец дена порано. Се чистеше од корен цела куќа, се менуваа килими и стазите за по скалите (имаше посебни килими и стази за именден) се ставаа нови драпери во салонот каде се чекаше именденот. Мебелот до перфекција исполиран. Сите домашни имавме нова гардероба, шиена месец дена порано и обавезно лаковани чевли. Мајка ми, тетка ми , стрина ми и сестрата на баба ми со фризури ден претходно направени кај тета Зорка (фризерницата која беше карши нас). Салтките за именден направени 2 дена претходно тоа беше посебна приказна. Прекрасни и строго се знаеше кои слатки се прават за овој именден, марципанот мораше да биде со осијечко млеко во прав и незнам точно кој путер се користеше, па бајадера, па ролат со рум и путер, па г’алињац па бомбиците.

Негде околу 5 саат сите спремни качени во салонот, осветлен и среден со столиците околу зидовите, на средина стоеше салононската маса со разни цигари и пепелари на неа и старите албуми со слики. Вратите од сите 6 спални отворени и сите наместени до перфекција и осветлени со столни ламби. На чело во салонот стоеше баба ми во црно облечена ( од 1939 година беше во црно кога почина дедо ми па се до нејзината смрт 1987 година) до неа тетка ми и од десната страна стоеа моите а од левата страна чичко ми со тетка ми. Братуцетка ми Цули беше задолжена за послужување. Јас брат ми и братучед ми се мавтавме обично околу слатките и скришум си земавме и се криевме негде.

Кога доаѓаа гостите се поздравуваа со домаќините па седнуваа, прво се послужуваа со чоколади па потоа со таблата ( послужавникот со слатки). Тој изгледаше како уметничка инсталација. Прво се редеа на помал послужавник слатките со следниот распоред марципанот во триаголна форма, па бајадерата во правоаголна форма, елипсовидна форма на ролатот со путер и рум, па галињ’ац во чудна форма во зависност од кршените ореви и на крај бомбиците во форма на топка. Позади нив во мали кристални чаши се ставаше ракија а позади нив во исто така кристални чаши се ставаше сок и вино. Се послушуваше по два пати. Гостите отприлика околу 10 минути остануваа и си одеа. Е така отприлика беше Божиќ кај нас. А мирисот на марципанот е тој кој ме потсеќа на тоа време. Внук ми денес има именден да му е честит а марципанот секако ќе го има но без гости оваа година. Здрави живи до година повторно со многу гости.

Сликата е на Никола Мартиноски кој сето ова го долови перфекно на платно.

Репродукција:  Никола Мартиновски – Ентериер [1960]

Автор на текст: Зоран Кардула, уметник и графички дизајнер

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...