Пчелички повелете на нашите сончогледови шапки

НовостиКонвивијалноПчелички повелете на нашите сончогледови шапки

Сподели

Со Давид Долгоски веќе се запознавте, нели?

За тие што сеуште не го запознале, или можеби не се сеќаваат, тој е второ одделение во ООУ Кочо Рацин – Прилеп, кај наставникот Гоце Бумбароски, член на Слоу Фуд Прилеп.

Иако оваа учебна година учениците од второ одделение следат настава со физичко присуство, Давид наставата ја следи онлајн поради здравствени причини. 

Пред неколку месеци тој преку видео им се обрати на своите другарчиња и наставникот и со тоа ги освои симпатиите од целата македонска јавност.  Линк до видеото, погледнете тука.

Пчелички повелете на нашите сончогледови шапки © Гоце Бумбароски

Денес, во пресрет на Светскиот ден на пчелите 20 мај,  Давид за првпат оваа учебна година се појави во училишниот двор и заедно со својот наставник ги засадија сончогледовите садници.  Нив пак од семе ги одгледа нашиот член Филип Димкоски, во рамките на проектот ,,Училишни градини – зелен полигон на едукација” кој го спроведува Слоу Фуд Водно.

Сонце, вода, почва, сончогледови садници, малку труд и измешани чувства…

Давид вети дека ќе се грижи за садниците, а на пчеличките им порача:  „Повелете на нашите сончогледови шапки“.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...