Изгледа како Стилтон, има вкус на Стилтон. Зошто тогаш го нарекуваат Стичелтон?


Фармерот Џо Шнајдер доби широка поддршка во неговата кампања за добивање на заштитен статус за сирењето Стичелтон.
Стичелтон се произведува во Нотингемшир според древниот рецепт за сирењето Стилтон, но со употреба на сурово, непастеризирано млеко.
Со познатите сини вени и дебелата кафеаво-портокалова кора, тоа изгледа како Стилтон и има вкус на Стилтон. Сепак, според владините регулативи, Стичелтон – произведено во Велика Британија според традиционалниот рецепт користејќи непастеризирано млеко – не може да се декларира или означува под тоа име.

Со години Џо Шнајдер, единствениот британски производител на сирењето Стилтон од сурово млеко од неговата фарма во неговата сирењара, се бори за промена на правилата.

Минатата недела оваа “сирењарска војна” се пресели на светската сцена, кога Слоу Фуд ја даде својата поддршка на Шнајдер со започнување на петиција, со цел придобивање на меѓународната јавност за промена на прописите.

Традиционалниот Стилтон, кој датира од почетокот на 18 век, е направен со користење непастеризирано млеко. Но, заштитата на трговска марка од страна на сертификационото тело (заштитена ознака за потекло – ЗОП), значи дека може да се направи само во Нотингемшир, Дербишир и Лејчестершир, по одреден рецепт користејќи пастеризирано млеко.

“Ние едноставно се обидуваме да се исправи грешката”, вели Шнајдер. “Тоа е толку разочарувачки, бидејќи немаме поддршка од Управата за животна средина, храна и рурални прашања. Во Франција, ЗОП се користи за заштита на сирењата како што е Камемберот од Нормандија, каде малите производители ја добијаа битката, со спречивање на поголемите производители во употребата на името, кое можи да се користи за сирења, произведени од сурово млеко. Само во Велика Британија се користи истиот систем на ЗОП наменет за заштита на традицијата, за заштита на модерен метод, како што е пастеризација. ”

Петицијата веќе привлече стотици потписи, вклучувајќи и десетици oд малите британски производители на традиционални сирења кои се противат на бирократските правила, кои како што велат тие, се задушува креативноста во локалното производство.

Од Слоу Фуд му даваат поддршка на Шнајдер, бидејќи “сирењето Стилтон претставува важен дел од културата. Тоа му припаѓа на Англија, на Европа, на сите нас, а не на големите индустриски производители на храна. Како и поради неговата борба за слобода: производителот треба да биде слободен да одлучи дали ќе применува или не пастеризирано млеко во производството и да преземе одговорност за тој избор”

фото © Slow Food архива