Home Прес преглед Малешевската кујна: Slow food

Малешевската кујна: Slow food

0

Беровскиот „буламач“ контра популарниот хамбургер. Специфичниот млечен производ, подготвен по рецептите на старите Малешевци, претендира да биде дел од семејството на храна заштитена од светската организација „Слоу фуд“ , која има мисија да ги заштити традиционалните и регионалните кујни како алтернатива за брзата храна.
Овој специјалитет со векови се произведува во семејството на 43-годишната Лидија. Таа не е вработена и единствената егзистенција и е од традицијата што лежи во сточарството и земјоделието.

-Буламачот се прави од последните млека од овчо млеко, се вари и се остава и се брка(меша), рецептата е од старите баба и дедо, не е тешко и го бараат туристите, вели Лидија Гугушевска, производител.

Малешевците типуваат на овој специјалитет, но и на малешевското сирење и компир и на производите од шумски плодови кои заедно со останатите специјалитети од традиционалната малешевска кујна беа сервирани на трпезата пред претставниците на италијанската организација „ Слоу фуд“ кои треба да се уверат во специфичноста на малешевските производи и да одлучат кои од специјалитетите ќе го носат знакот на Слоу фуд.

– Сметаме дека можеме да се приклучиме кон оваа мрежа на Слоу фуд со повеќе специјалитети кои понатаму ќе станат президиуми на слоу фуд, и ќе се востанови една точна рецептура по која тие ќе се произведуваат, по која ќе бидат препознатливи не само во нашиот регион, туку општо во 700- илјадното семејство на„Слоу фуд“. Со тоа нашиот крај би бил препознатлив,
вели Дафинка Муцунска, директор на хотел Манастир –Берово.

-Развојот на туризмот оди заедно со понудата за храна и е многу важно да се понуди храна локално, всушност нема поинаков начин на развој ако не оди кон корените на постоењето, вели Микеле Румиц, координатор на „Слоу фуд“ фондација од Италија

„ Слоу Фуд“ е интернационално движење со 100.000 членови од 153 држави кои ја поддржуваат здравата храна. По три години дејствување во Македонија формирани се 8 ограноци, а Малш – Берово е 9-та. Досега има 4 македонски традиционални производи кои го носат заштитниот знак на „Слоу фуд“.

Даниела Такева
http://www.malesh-net.com/