Home Новости Бавни вести Порција тестенини за солидарност

Порција тестенини за солидарност

0
Порција тестенини за солидарност


Градот Аматриче, во исчекување на 50тото издание на Фестивалот на храна, беше зафатен од силен земјотрес кој уништи повеќе од 2/3 од малото гратче во централна Италија и загинаа скоро 300 луѓе, а стотици беа повредени и хоспитализирани.

Градот, кој своето име го даде на „ал аматричана“ сосот од домати, гванцијале и пекорино, доживеа голема катастрофа. Веднаш по несреќата Карло Петрини, претседателот на Слоу Фуд, започна иницијатива како поддршка на луѓето погодени од земјотресот, со цел да ги задржиме во нашите мисли, од денес и во иднина. Тој испрати апел до луѓето во целиот свет, особено сопствениците на ресторани и оние кои често јадат во ресторани за да им се помогне на луѓето од Италија, кои ги погоди големиот земјотрес. “Се надевам дека на еден симболичен начин со јадење на гастрономската историја на Аматриче, ќе се прошири солидарноста во целиот свет”, вели Петрини.

Слоу Фуд ги повикува угостителите низ Италија и во светот во текот на една година во нивните мениа да го воведат специјалитетот од традиционалната кујна на градот Аматриче, тестенините ал’аматрикана и дел од средствата од продажбата да ги донираат за обновата на градот.
“Се надеваме дека градот погоден од земјотресот, кој во моментов е во центарот на вниманието, нема да биде заборавен. Реконструкцијата треба да започне веднаш и денес на оние кои преживеале трауми, ова е можност да се вратат во нормален живот што е можно поскоро да обезбедат донации што ќе пристигнат во текот на подолг временски период “, се вели во писмото што во име на Слоу Фуд, го напиша Карло Петрини.

Акцијата “Иднина за Aматриче“ (#unfuturoperamatrice), е обмислена така што рестораните од целиот свет во мениата симболично ќе го вклучат овој специјалитет најмалку една година. Преку донирање на дел од приходите од продажбата на храна за оние кои се настрадале во оваа трагедија. Притоа со промотивни активности ќе се охрабруваат посетителите на рестораните да го одбираат овој специјалитет кога ќе го забележат на менито. Средствата ќе бидат исплатени директно до градот Аматриче.

Повеќе од 600 ресторани во Италија веќе се сложија да донираат по 2 евра за секоја порција на тестенини ал`аматрикана послужени во нивните ресторани. Оваа акција веднаш беше прифатена и од други ресторани ширум светот.

Македонските угостители кои сакаат да се вклучат во акцијата можат да аплицираат на: unfuturoperamatrice@slowfood.it
Рецепт за Тестенини ал’аматричана
Листа со рестораните кои учествуваат во кампањата се објавуваат на страницата на Слоу Фуд Италија: http://www.slowfood.it/un-futuro-amatrice-locali-aderenti/

Сметка за уплати:
IBAN за општина Amatrice: IT 28 M 08327 73470 000000006000
Swift Code: ROMAITRR
Опис на уплатата: Un future per Amatrice

#unfuturoperamatrice