Фестивалот CHEESE 2015 се фокусира на планинските пасишта

НовостиВо фокусотФестивалот CHEESE 2015 се фокусира на планинските пасишта

Сподели

Од 18-21 септември, улиците на малиот град на Бра во северна Италија  (родниот град на Слоу Фуд  движењето) уште еднаш ќе бидат освоени од страна на сирењари, овчари, експерти, новинари и љубители на сирење од целиот свет.

Настанот официјално беше претставен  за време на прес-конференцијата што се одржа во Бра. Говорејќи на настанот Карло Петрини, претседателот на Слоу Фуд Интернационал изјави пред публиката “Биодиверзитетот е најсилната креативна сила во светот, а нашиот фестивал CHEESE е кулминација на оваа идеја: разновидност, а не стандардизација”

Оваа година фестивалот се фокусира на производите  од кревките екосистеми на планините. Овчарите и мајсторите за сирење  кои живеат и работат секој ден во планините на Европа се соочуваат со критична ситуација.  Повоениот индустриски развој осиромаши голем дел од населението и многу традиционални производства на сирења оттогаш се замрени. Врските помеѓу локалните заедници и нивните средини се прекинати – како што е напуштање на многу од пасиштата и предавањето на скапоцените традиционални знаења.

Сепак, планините се сеуште дом на неверојатено наследство на сирења.  Благодарение на исхраната на животните со богатиот биодиверзитет на  пасиштата и можноста за обработка на свежо молзеното сурово млеко, практиката на изнесување на добитокот  на летна испаша (сезонска миграцијата кон летните пасишта), како и употребата на занаетчиските техники за да се создадат производи со посебен квалитет. Затоа производителите треба да ги заштитат овие кревки средини, во потрага по планините за мандри и пасишта, со обликување карактеристичните предели и да се грижи за земата за целата заедница.

Во тек на четиридневниот настан ќе се истражуваат проблемите и решенијата преку програмата на конференции,  дебати,  состаноци, работилници за вкус и многу повеќе. Изложбениот простор, исто така, ќе биде посветен на прикажување на богатството на биодиверзитетот на храна која сеуште се чува во планинските заедници: планински билки, леб, алкохолни пијалаци, вино, мармелади, мешункасти плодови, овошје и друго, како и искуствата од пробување на планинската кујна.

Како и сите Слоу Фуд настани, CHEESE е момент кој ги обединува  задоволството од  добрата храна со прашањата за свеста и одговорноста, како што се заштита на животните, одржливо управување на пејзажите,  квотите за млеко и имигрантите во овој сектор.

Шпанија ќе биде земјата во фокусот на ова издание, со зачудувачки број на сирење достапни за дегустација, покажувајќи им на посетителите дека има и повеќе од сирењето Манчего. “Со повеќе од 200 видови на сирења, Шпанија ќе биде почесен гостин на Cheese 2015, објасни Пјеро Сардо, претседател на Слоу Фуд Фондацијата за биодиверзитет.

  •  Дознајте повеќе за веб-страницата на фестивалот: cheese.slowfood.com
  • Следете ги сите ажурирања на социјалните медиуми со користење на хаштагот: #Cheese2015

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...