Home Новости Бавни вести Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

0
Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат до Болоња, каде што почна второто издание на големиот саем за вино „Slow Wine Fair 2023“: три дена во знак на вино кое тука во Италија го има третманот на Божјиот пијалок.

Во друштво на 791 винарија од 21 земја (Албанија, Австрија, Аргентина, Босна Херцеговина, Бразил, Чиле, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Црна Гора, Перу, Португалија, Шпанија, Уругвај… ), нашата земја, поточно „Слоу Фуд Македонија“ за адут ги има 12 семејни винарии со 40 етикети на вино.

Македонските вински фаворити на „Slow Wine Fair 2023“ се виинариите: „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела винарија“, „Иванов“,„Максимилијан“,„Подрум Параџик“, „Арабеска“и „Сарика“.

На отварањето на оваа престижна по квалитет манифестација, нашиот павиљон го посети и на винарите им посака успешен старт Македонскиот Амбасадор во Рим, г-н Весел Мемеди, Генерален конзул на Северна Македонија Стојан Витанов и претставник на МЗШВ.

Нашите винарии тука во Болоња ги промовираат автохтоните сорти на грозје, традиционалните и одржливите техники на производство и нашето традиционално гостопримство преку првите чекори за развој на винскиот туризам.

 – Преку промовирањето и едукацијата за производството и потрошувачката на одреден вид вино Слоу Фуд има за цел да влијае врз иднината на производството на вино-  вели претседателот на Националниот одбор на Слоу фуд, Николче Николовски. -Слоу Фуд преку овој настан сака да ја искористи енергијата и моќта на своето глобално движење со обединување на винарите, професионалците од секторот лозарство и винарство  и активистите од целиот свет обединети во  Slow Wine коалицијата со намера да се промени курсот и да се креира одржлива иднина за виното.“

На Slow Wine Fair присуствуваат 20 делегати од мрежата на „Слоу Фуд Македонија“ составена од производители, професори, активисти и членови на Слоу Фуд, кои заедно ја креираа и ја реализираат нашата презентација.

Настанот се реализира со финансиска поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Интернационал, како и со логистичка поддршка македонската заедница во регионот Емилија-Ромања.