За да се раскаже приказната за земјоделско-занаетчиската пиварница Баладин, треба да се влезе во душата на нејзиниот основач, визионер и добар претприемач, Тео Мусо.
Во земја и регион кој што е познат по својата винска традиција и култура да се зборува за пиво во 80тите години од минатиот век едноставно нема да ве сметаат за сериозна личност. Интересен факт е дека потекнува од винско семејство од син на лозар кои произведувале свое вино, но виното не било дел од неговата визија. Советуван од неговиот татко кога се на трпеза да пие само вода или вино, Тео сепак се одлучил за пиво.

Така се роди и идејата за пиварата Баладин, како пивара против правилата и стандардите. Уште една анегдота е дека првото индустриско пиво кое што го пробал му се слошило, а пресврт претставува првото дегустирање на Белгиското пиво Chimay Bleue. По враќање на неговиот престој во Монтекарло, ја превзема старата таверна која што беше затворена извесно време и ја претвори во пивница, каде што се служеа околу 200 видови на пиво и така се отвори барот Ле Баладин кој на архаичен Француски јазик значи „раскажувач“. Неколку години подоцна тој решава да направи еден чекор напред во поглед на квалитетот на понудата и освен туѓи пива почна да продава и пива од сопствено производство. Со оглед на тоа дека станува збор за 90тите години кога немаше интернет и достап на информации за набавка на опрема, техника и суровини се сели во Белгија за да го научи занаетот и со помош на старите резервоари од млеко кои што ги прилагодува за негови потреби ја започнува неговата приказна. Првото пиво на Баладин SUPER е направено речиси во гаража до самата таверна, но тука ја прави првата грешка, ги отфрла останатите 200 пива и се фокусира само на неговото пиво, и клиентите почнаа да бегаат. Но Тео не се предава и разбира дека мора да ги надмине локалните бариери, со што се решава да го флашира неговиот производ кој што претходно го служеше само како наливно пиво и почна да го продава само по екслузивни ресторани низ цела Италија. Вратата е веќе отворена, сето останато е историја.

Она што е интересно е дека во 2012 година пиварницата стана 100 % самоодржлива од локални суровини односно стана првата земјоделска занаетчиска пиварница, бидејќи поседуваше доволно земјиште за да ги задоволи повеќето од потребните суровини за производство на пиво. преведено во бројки тоа значи дека денес Баладин произведува 80 % сопствени суровини од јачмен кој што е неопходен за пивото, добар дел од хмељот се снабдува од локални производители од регионот, но и плантажи во склоп на пиварата, сопствена вода и култивиран квасец во самата пиварница . Баладин денес има синџир на таверни под името OPEN BALADIN, каде што експериментира со сите производи со правилни кулинарски комбинации.
Да ви претставиме и дел од нивните производи:
- Пивото „ISAAC“ e едно од најуспешните производи на компанијата. Тоа е бело односно пченично пиво кое е малку матно, со мирис на квасецот, овошни ароми и зачини, идеално како аперитив, со лесни предјадења или свежа храна. Содржи 5% алкохол
- Пивото „Wayan“ е пиво со 5 житни култури (јачмен, пченка, пченица, рж и леќа) и 9 зачини, со матна светла боја, пенливо и освежително во устата, мирис кој предизвикува. Одлично се комбинира со школки, риби и бело месо. Содржи 5,8% алкохол.
- Египетското пиво на Баладин е пивото „NORA“ кое што е создадено од Египетската житарка Камут (вид на пченица) од земјоделско органско производство, со килибарна боја, зачини и мирис кој што ви нуди ориентални ароми на ѓумбир, цитрус кои се добро избалансирани во вкусот. Благодарение на оваа рамнотежа одлично се спарува со месо, сирење, и други ориентални јадења. Содржи 6,8 % алкохол. Се смета за едно од најдобрите Италијански занаетчиски пива.
- Пивото „Nazionale“ е добиено исклучително од локален јачмен и хмељ одгледуван во Италија, па дури и додаваните зачини се исто така Италијански (коријандер и бергамот портокал). Пиво со широк спектар едноставно и деликатно. Содржи 6,5 % алкохол.
- Пивото „Super Bitter“ е килибарна боја создадено со хмељот Амарило кој е со потекло од Америка, и му дава смолести и цитрусни ноти, но и ноти на карамела и суво овошје и сето тоа е стручно избалансирано. Пиво за вечерните часови, благодарение на неговото полно тело и прилично висока содржина на алкохол 8%.
- Пивото „Rock’N’Roll“ со уште еден Американски хмељ кој му ја дава душата на пивото. Направено е по повод 100 тиот број на музичкиот магазин Rolling Stone во Италија и посветен на целата плејада музичари од Рокен Рол ерата. Одлично се комбинира со сирења и лесно месо, но во умерени количини поради неговата содржина на лкохол од 7,5%.
- Пивото „ELIXIR“ има килибарна боја со вкусови и ароми кои постојано се развиваат до последната голтка. Суво овошје, бисквити, ванила, цитрусни ноти, ја комплетираат неговата сложеност. Се конзумира со козјо сирење, овчо сирење и некои други екстремни сирења. Рецептот за ова пиво е создаден во 2004 г како резултат на истражувањето на разните ферментации за да се идентификува одреден квасец кој што е изолиран од шкотско буре од виски. Содржи 10 % алкохол.
- Пивото „LEON“ е Белгиски стил на дарк еил, со темна боја и стабилна пена, со богатсво на овошни ароми, дрво, кафе, ноти на чоколадо. Пиво со импозантно тело. Содржи 8,5% алкохол. Се препорачува со чорби, густи супи, мешунки и зеленчук , сирења и суви десерти.
- Пивото „L’IPPA“ е исто така дел од проектот 100 % Италијанско,е пиво кое што има темно жолта боја, стабилна долготрајна пена, со ароми на диња и манго. Реинтерпретација на Англиската ИПА како пивски стил, но изненадувачки лесно пиво благдарение на избалансираната горчина и хармонија со употребениот хмељ. Содржи сао 5,5 % алкохол а се препоачува да се комбинира со едноставни јадења како месо на скара, бургери или друга street food комбинација
- Пивото „POP“ е Американски Пеил Еjл стил на пиво и е првата лименка на занаетчиско пиво во Италија. Со изобилство на овошни ароми екстремно задоволително и лесно за пиење и уживање. Содржи 6 % алкохол. Се препорачува со разни сирења.
- Пивото „SUD“ е исто така пиво во лименка интерпретација на белгиските бели пченични пива. Екстремно лесно и освежително пиво.

Но пиварата Баладин не е позната само по производство на пиво туку е еден спектар на други безалкохолни пијалоци и дестилати. Сајдер, нивната интерпретација на пијалокот COLA e влезен во Президиумот на Слоу Фуд поради неговата иновативност, Тоникот кој што се произведува со вода од Алпите.
Баладин се познати и по тоа дека се дел од движењето СЛОУ ФУД каде што заедно со основачот Карло Петрини се иницијатори на проектот 10.000 градини во Африка во aфриканските училишта и села кои што гарантираат квалитетна, здрава и чиста храна за секого,но вмрежување со лидерите кои се свесни за вредноста на нивната земја и нивната култура и кои се протагонисти на промената и на иднината на овој континент. Баладин го поддржаа овој проект со 4 градини и африканските зачини се дел од нивните производи во нивните пива, во нивната автентична Кола.
Пивата може да ги набавите и во Македонија, во специјализираната продавница за пиво во Скопје САКАМ ПИВО – ПИВОТЕКА, каде што освен пивата на Баладин може да се запознаете и со вкусовите на други пива кои што се дел од Президиумите на Слоу Фуд од Европа.