Што е биодиверзитет, каква врска има со нашата секојдневна исхрана и што можеме да направиме да го зачуваме?
Слоу Фуд уште од самото формирање во центарот на сопствената мисија го постави зачувувањето на биодиверзитетот. Но што е всушност биодиверзитет и каква е неговата поврзаност со храната?
Зборот Биодиверзитет е прилично нов. За прв пат беше употребен во 1986 година во Вашингтон од страна на ентомологот Едвард О. Вилсон. Овој збор е прилично комплексен и често, за жал, за него интерес пројавуваат малку луѓе, најчесто оние кои студирале на блиски теми (екологисти, биолози или агрономи). Во суштина дефиницијата за зборот биодиверзитет треба да е едноставна и лесно прифатлива, бидејќи во основното значење на овој поим е природата, живиот свет и неговата разновидност во сите нивоа – од најмалите и наједноставните (како гените и бактериите) животински и растителни видови, па се до најсложените нивоа (екосистемите). Сите овие нивоа имаат взаемно влијание и врз еволуцијата на другите. Во студиите спроведени од Универзитетот во Стенфорд, студентите кои ги спроведуваа овие истражувања ги споредуваа растителните и животински видови, сорти и соеви кои се дел од екосистемот со навртките кои го прават авионот компактен.
Ако отстраниме неколку навртки по извесно време нема ништо да се случи и авионот ќе продолжи да лета. Но дел по дел, структурата на авионот ќе почне да се распаѓа, и кога ќе отстраниме само уште една навртка авионот ќе се сруши (Ehrlich&Ehrlich, The Rivet Poppers,1981). Биодиверзитетот претставува наша осигурителна полиса за во иднина, овозможувајќи им на растенијата и животните да се прилагодат на климатските промени, на нападот од паразити и болести и од неочекувани закани. Што поголема генетска разновидност значи и што поголема можност некои индивидуи од растителната или животинска популација да имаат особини кои одговараат на животната средина, што би значело дека имаат поголеми шанси за да преживеат и да им ги пренесат на идните генерации. Системите кои изобилуваат со биолошка разновидност се збогатени со антитела кои имаат можност да ги уништат штетните организми и да ја воспостават сопствената природна рамнотежа. Од друга страна пак, системите кои се составени од ограничен број на вариетети се ранливи и подложни на исчезнување.
Публикацијата симни ја од тука.
©Slow Food, 2014