Нашиот пивски гуру Марјан Костадиновски деновиве по трет пат учествуваше на Birra Del Anno, настан во Римини, Италија на кој се избира најдоброто Италијанско крафт пиво на годината во организација на Unionbirrai и Italian Trade Agency.
Тој заедно со 80 експерти, дегустатори и пивски судии од целиот свет оваа година дегустираа рекорден број на пријавени пива и категории. Вкупно 2227 крафт пива поделени во 45 различни категории од 305 производители. Навистина тешка задача.

„Убав е моментот кога по две годишна пауза повторно се враќаш на сцената со нови искуства и нови пријатели и нови можности и научиш нешто ново“ изјави Марјан споделувајќи ги со нас впечатоците од овогодинешното издание.
На изборот беа пријавени голем број пива кои се дел од најновото издание на Slow Beer водичот во Италија, а во панелот учествува и уредникот на овој водич Лука Ѓаконе.Од преку 1000 занаетчиски пивари во Италија, околу 500 се застапени во водичот од кои за матпреварот се пријавија 304.
Церемонијата на прогласување на победниците во 42 категорииќе се случи на 19 ти Февруари во рамките на “Beer&Food Attraction“, а на истиот настан на 22 февруари ќе се одржи и Светскиот пица шампионат каде што Македонија ќе има двајца учесници кои ќе настапат во рамките на делот со спарување на пица и Македонско пиво од битолската крафт пивара Бакревски.
На здравје!