Cheese 2015 гласот и делото на протагонистите на височините од целиот свет
Сиренари, овчари, производители и земјоделци што живеат и работат секојдневно на планините се соочуваат со многу критична состојба. Во последните шеесетина години големиот индустриски развој и урбанизацијата постепено ги испразнија со жители планините од целиот свет и многу активности поврзани со производството на традиционалните сирења исчезнаа.Препреките со кои планинските општества мораат секојдневно да се соочуваат се многубројни: морфолошки, законски и социјални.
Сепак, планините се сеуште седиште на едно вонредно наследство на екосистеми, растителен биодиверзитет, животински раси, култури и производи. Животните исхранувани на пасиштата богати со биолошки различности, можноста за преработка на свежото млеко, сезонската преселба на стадата и занаетчиските техники се факторите што го одредуваат квалитетот на сирењата од летните пасишта.
Од поодамна Slow Food се залага за ваквите производители да опстојат, а Cheesе е можноста за нивна презентација.
Президиумите од планините ги заштитуваат руралните средини кои-од производството на мед, диви билки ги зачуваа сирењата, житата и саламите во спротивно осудени на исчезнување, зачувувајки и пренесувајки антички начини, оддржувајки пасишта на екстремни височини и до 2000-2500 метри во спротивно осудени на поддивување и запуштање.
Помеѓу Деканите на планините присутни на Cheese,ке ги сретнеме од Италија:il Bitto storico, il Macagn, маргарин од свежо млело од висините на Elvo, Casòlet della val di Sole,Rabbi e Pejo, il Puzzone di Moena и Мед од високите планини.
Од Бугарија, надзорништвото на сирења произведени од млекото на каракачанската овца, зеленото сирење од Черни Вит и од Трансилванија,во Романија Branza de burdui,произведено на падините на планината Бучеги, една од највисоките на Карпите. Ке биде преставен Brousse од коза од Rove од Франција и производи од пасиштата на Vacherin, Emmentaler и од Sbrinz од Швецарија.Од Полска Oscypek од планините Тара каде живее специфично население што се занимава со овчарство.
Ке пристигнат и сирењата од пасиштата на Маврово-Река од Македонија, меѓу кои и Кашкавал од шарпланинска овца и Биено сирење. Од Турција il Turkmen sacake il Kars gravieri, веќе на работ на исчезнувањето поради се поголемата застапеност на механизација во производстото на сирења,намалувањето на чистокрвни говетски раси и строгите закони од Европската Унија.

Во текот на четиридневната манифестација овие и други произведители ке ги раскажат сопствените начини и споредат предизвиците што ги отчекуваат.На конференцијата Приказни од планината:производи и проекти за повторно оживување на „другите„ замји, ќе се зборува за како да се заштитат производителите, овчарите, земјоделците што избираат да останат на планините преставувајки ја нивната работа на новите генерации инвестирајки во иднината на овие теритирии. Обидите за враќање на младите генерации на планините се многу срамежливи, но исто толку значајни. Еден значаен пример ке престави Bitto од Ломбардија, Италија од каде најмладата производителка има помалку од 18 години, а нејзините колеги имаат 20, 30,3 5 години: една цела генерација го зазема местото на родителите.
Ќе ги раскажат нивните искуства производители кои одлучиле сами да ги птоизведуваат ферментите спротиставувајки се на хемијата. Приказни за отпорот против строгите супер хигиенски закони, како во Бугарија, каде производителите на Зеленото сирење од Tcherni Vit се борат за зачувување на древниот начин на производство загрозен од законските норми.
Во лабораторијата за вкусови:сирења од преку границите од источниот Алпски венец ќе бидат споредени врвни производи што ги оживуваат алпските предели.Дегустација на производи од северозападна Италија, Авсртија и Словенија. Овие производи покажуваат дека синџирот на исхраната, преставен со еден стратешки план, може да биде отскок на даден предел и да придонесе во вреднувањето на локалната економија на тој регион. А зошто и покрај огромниот потенцијал на планините тој план го нема?
Одвоеноста на овој проблем од политиката придонесува за се помало вреднување на овие предели правејки ги се помалку отпорни. Cheese 2015 ја дава возможноста за еден отворен разговор на оваа тема.
Каков договор е потребен за иднината на пасиштата, какви би билe Алпите без нив. Ке бидат преставени неколку законски прашања во однос на правата на земјата и невозможноста да се учествува на аукции за пасиштата. Градоначалници, производители и политичари ке разговараат за изнајдување на решение за можен договор помегу институциите и територијата за да се надминат пречките и да се размислува за земјата како извор на можности а не на проблеми.
Плоштадот на биоразличноста ке претстави сирења, мед, зеленчук, мешунки, овошје, билки и други продукти произведени или соберени од висините на целио свет,од Анда до Кавказ поминувајки ги Пиринејските, Алпските и Апенинските планини. Готвачи од мрежата на Slow Food ке понудат секојдневна можност за вкусување на некои од кулинарските специјалитети подготвени на традиционален начин.
Благодарение за можноста на оваа манифестација на компаниите ке веруваат во можноста за квалитетна преработка на млекото и млечни производи:Consorzio Parmigiano Reggiano, Lurisia ,Pastificio Di Martino,Radeberger Gruppe Italia.
Cheese е интернационална манифестација која се одржува на секои две години во организација на Slow Food и градот Бра. Посветена е на млечните производи а овогодишното десето издание е расширено во мегународни рамки.