Да не ја изедиме нашата Планета! Во борба против климатските промени

НовостиВо фокусотДа не ја изедиме нашата Планета! Во борба против климатските промени

Сподели

Од денес, 30 ноември до 11 декември, владите од целиот свет, ќе се состанат во Париз да дискутираат за климатските промени. По повеќе од 20 години неуспешна  дебата, посредување и форуми, на конференцијата во Париз (COP21) ќе се обидат заеднички да издејствуваат обврзувачка, универзална согласност за прв пат.

За жал, на 54те страници од текстот од преговорите, терминот “земјоделство” не се појавува ни еднаш, иако има неколку спомнувања на безбедноста на храната. Слоу Фуд верува дека ова е сериозен пропуст.

Отсуството на овој термин, значи негово ставање во маргините на дискусијата на прашањето кое всушност е од централно значење: односот помеѓу храната и климата. Во зависност од системот се користи како референца,  земјоделството,  сточарството и производството на храна може да претставува многу нешта:  една од главните причини за климатските промени, една од главните жртви или едно од можните решенија. Фактот дека вниманието се фокусира на делот на енергетиката, тешката индустрија и транспортни средства, не се признава клучната улога на земјоделството.

Ова е причината зошто Слоу Фуд ја испраќа жалбата “Да не ја изедеме нашата Планета! Борба против климатските промени” до претставниците на земјите и меѓународните организации кои се собраа во Париз, во надеж дека земјоделството ќе се  стави  во фокусот на дебатата.

Овој апел произлегува од потребата да се покаже дека само преку радикална промена на сегашниот систем на производство на храна, преработка, дистрибуција, потрошувачка и отпад може да се надеваме дека ќе се ублажат климатските промени.

Во исто време, во светло на неодамнешните терористички напади во Париз и како резултат на одлуката донесена од страна на властите да се откажат големите протести за климатските промени, кои беа закажани за 29 ноември, Слоу Фуд Интернационал, преку нејзиниот претседател Карло Петрини,  го поддржува барањето на граѓанските организации да не се предадат и да се борат против неправдата, сиромаштијата,  нееднаквоста и еколошката катастрофа предизвикана делумно со климатските промени, што е во фокусот на конференцијата  COP21.

Тоа е повеќе од неопходно за да ја вратиме вредноста на храната,  да го намалиме фрлањето на  храната,  да се промовираат агроеколошките практики и да ги поттикне кратките синџири на дистрибуција на храната.

Ако, наместо тоа, модерниот производствен агроиндустриски систем продолже да владее -систем базиран на зголемената употреба на нафтени деривати, за производство во поголем обем и неодржливо искористување на природните ресурси, не само што нема да биде можно да одговорат на актуелните трендови,  туку ќе има се повеќе негативно влијае на зголемувањето на просечната температура, која во минатиот век, забележува пораст од +0,85°C.

Модерниот агроиндустриски модел е базиран на една идеја за бесконечен раст, а  ресурсите на нашата планета се ограничени.  Усогласувањето на свесноста за овие прашања со бројките за светската популација, за која се предвидува да достигне 9 милијарди до 2050 година, е еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваме денес. Ова е причината зошто Слоу Фуд  бара системот на храна да има одлучувачка улога, овие факти да бидат сериозно земени во предвид, од страна на политичарите и организациите, кои се состануваат во Париз, со цел да се промовира ефикасна меѓународна политика, во насока на радикално менување на сегашниот систем на храна.

  •  Преземете ја жалбата: Да не ја изедиме нашата Планета! Во борба против климатските промени.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...