Фестивал на биодиверзитет 2022

UncategorisedФестивал на биодиверзитет 2022

Сподели

Ве покануваме да земете учество на манифестацијата “Фестивал на Биодиверзитет”, кој го организира конвивиумот „Слоу Фуд Водно“, оваа сабота 02.07 2022 од 10-18 часот во Парк на франкофонијата, Скопје.

Да ги откриеме вкусовите на локалниот зеленчук и овошје, традиционалните сирења и месни производи, да ги дегустираме и потоа препорачаме на нашите пријатели. Заедно да ја подигнеме јавната свест за значењето на локалниот биодиверзитет на храна. Да им помогнеме на малите производители во заштитата, промоцијата и валоризација на локалната и автентична храна, што  ќе придонесе за  економски развој на руралните средини и транзиција кон еколошки одржливо опшество.

 Слоу Фуд верува дека е можно да се нахрани планетата, а ние дека можеме да обезбедиме и да се гарантираме добра, чиста и правична храна за сите во Македонија.

Повеќе информации за настанот:

Ова издание  на “Фестивал на Биодиверзитет” се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Центар, Горска вода, Пакомак и Сакам пиво.

Програма на настанот:

8-10 ч – Подготовка на изложувачите

10- 18 ч- Изложбен и продажен настан на триесет  локални производители на храна, вино и пиво

12 ч – Официјални обраќања на настанот

  • Љупчо Николовски, министер, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
  • Василка Стефановска – претседател на Слоу Фуд Водно

13ч – Презентација на програмата Слоу Фуд Училишни градини

14 ч – Промоција на Водичите и Слоу Фуд, промотори: 

  • Валентина Вања Тодоровска, автор на Слоу Фуд Гостилници
  • Ивана Симјановска, автор на Slow Wine
  • Дегустација на вина од малите семејни винарии

14- 18 ч Шеф Зоран Мајновски член на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија ќе подготвува гастрономски специјалитети  со намирници од локалните производители

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...