Home Мултимедија Видео Филмови за вистината која нема да ви се допадне

Филмови за вистината која нема да ви се допадне

0
Филмови за вистината која нема да ви се допадне
Фото кредит © Food Inc. постер

Филмови кои треба да ги погледнете со „очи широко отворени“, а потоа со уште повеќе „отворен ум“ да се размислите: Што се случува? Од каде и како стигнала храната на нашата трпеза? Филмови чие гледање ја подигнува свеста и менуваат перцепцијата за храната која најчесто ја консумираме.

По нивното гледање, ќе ви остане горчливото прашање: Која е иднината на нашата храна?
Дали е потребна индивидуална свест и глобална акција. Да, било од кога повеќе. Погледнете деновиве што се случува со петрохемиска индустрија.

 


Корпорација ХРАНА (FOOD Inc.)
режија: Robert Kenner, 2008, 93 минути

Режисер Роберт Кенер го подигнува превезот на прехранбената индустрија на сопствената држава, изложувајќи го високо механизираното тело сокривано со децении од очите на американските потрошувачи и сето тоа во согласност со националните агенции на американската влада USDA и FDA.

Снабдувањето во рамки на „системот на храна“ во САД е контролирано од грст корпорации кои многу често профитот го ставаат пред здравјето на самите потрошувачи, животот на американскиот фармер, безбедноста на работниците, како и самата животна средина. Па резултат на тоа се пилиња со поголеми гради, свињи со совршени парчиња месо, соја отпорна на инсектициди, па дури постојат и домати кои не се расипуваат, но исто така имаме и нови соеви на Escherichia coli, патогени бактерии кои годишно разболуваат 73.000 Американци. Филмот истовремено се обидува да ја одгатне причината за прекумерната дебелина кај децата и епидемијата на дијабетес кај возрасните.

Интервјуирајќи ги авторите како Ерик Шлосер (Фаст фуд нација), Мајкл Полан (Дилема на омниворите), заедно со социјалните претприемачи како Гари Хиршбег и Џо Салатин, „Корпорација храна“ ни открива изненадувачки и често шокантни вистини за тоа – што јадеме, како се произведува тоа, што сме станале како нација и кон што се движиме.“

Овој филм е извонредна лекција за нас, како држава и народ, чии што врски со почвата сеуште не се изгубиле. Како опшество во мачна транзиција, кое е во дилема во која насока треба да се движи. Даразмислиме и да делуваме, кога е во прашање нашата храна.

 


Светот на виното (Mondovino)
Режија: Jonathan Nossiter, 2004, 135 минути

Светот на виното му ја одредува истата тешка пресуда која веќе им е доделена на светот на филмовите, книгите, политиката и пред сè на модерниот живот: индивидуалноста е изгубена, маркетингот е новиот освојувач, луѓето го сакаат она кое им е посочено, а продажбата е единствената мерка за позитивното. На кратко (иако неговиот филм не е краток), вљубеникот во виното Џонатан Носитер расправа за тоа дека модерните вкусови на виното глобално се контролирани од една „банда“ која ги вклучува најмоќниот производител на вино, најпознатиот вински советник и највлијателниот вински критичар. Тие заедно поддржуваат еден стандардизиран, масовно произведуван вкус во светот на уживателите на вино кои себеси се сметаат за познавачи, но во суштина им се допаѓа само она за кое им е кажано дека треба да им се допадне.

 


Kралица на сонцето (Queen of the Sun)
Режија: Taggart Siegel, 83 минути, 2010

Што ни кажуваат пчелите? Еден длабок, алтернативен поглед на светската криза за опстанокот на пчелите, која ни доаѓа под водство на Тагарт Сигел, режисерот на „Вистинската нечистотија на фармерот Џон“. Извонреден документарен филм, кој истовремено е еден од најубавите филмови за природата. Преку исклучително добрата фотографија на Сигел, влегуваме во кошниците и ги следиме пчелите додека слетуваат од цвет на цвет. Медот и пчелиниот восок вредат многу пари, но доколку пчелите не би правеле мед и восок, тие повторно би биле од суштинско значење за средината. Причината: опрашувањето.
Водејќи нè на патување низ фазите на катастрофалното исчезнување на пчелите и нивниот мистериозен свет, овој обврзувачки и крајно предупредувачки филм ткае една необична и драматична приказна за борбата на пчеларите, научниците и филозофите од целиот свет, вклучувајќи ги Мајкл Полан, Гунтер Хаук и Вандана Шива. Заедно ги откриваат проблемите и решенијата за обновување на културата, која ќе биде во рамнотежа со природата.