Како да се придружите на Светскиот ден на диско супата 2020, оваа година во дигитална верзија. Следете ги инструкциите:
- Регистрирај ја твојата диско супа во дигиталната форма;
– Линкот може да се најде на нашите социјални мрежи - Избери го твојот најдобар рецепт за готвење (остатоци од храна, цели зеленчуци, се што веќе имате дома);
- Осигурај ја твојата интернет поврзаност и провери дали микрофонот работи;
- На 25 Април вклучи се во живо преку твојот личен профил или страна додека готвиш;
- Започни ја забавата!
- Ние ќе го споделиме преку СФМИ и СФММ за целата мрежа да те види
- Тагни не! #WDSD20 #SFYN #SFYM @worlddiscosoupday @slowfoodyouthnetwork @slowfoodyouthmacedonia;
- Не заборавај да го зачуваш твоето видео;
- Сподели го во нашиот драјв (ќе биде важно за нашиот филм подоцна).
Или за подобро да разберете, визуелно претставено:

Настанот е дел од кампањата #ХранаЗаПромени, која има за цел да ја крене свесноста кај производителите и консументите за влијанието кое го има производството и консумацијата на храната врз животната средина и климатските промени. Истата е во рамки на проектот „Храна за промени“ кој го реализираат „Слоу Фуд Водно“, Скопје во партнерство со „Слоу Фуд Македонија“, Битола и „Слоу Фуд Млади Македонија“, Скопје
Финансиски поддржано во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е одговорност исклучиво на авторот и во ниеден случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија.

