Еден татко, фармер често пати им велел на своите деца додека биле мали:
– Кога ќе наполните 12 години, ќе ви ја откријам тајната на животот.
Еден ден, кога најстариот син наполнил 12 години, загрижено го прашал својот татко: тато која е тајната на животот? Таткото му рекол дека ќе му ја каже, но не смее да им открива на помалите браќа и сестри.
– Тајната на животот е во оваа: кравата не дава млеко.
– Што велиш? – праша момчето со неверување.
– Како што чу, синко: Кравата не дава млеко, треба да ја измолзиш. Треба да станеш во 4 часот наутро, да ја пуштиш вполе за да јади или да и однесеш храна во јаслите, да го исфрлиш гнојот, да и ја врзиш опашката, да и ги врзиш нозете на кравата, да седиш на ниско столче, да поставиш кофа и сам да ја завршиш работата, односно да ја измолзиш.
Тоа е тајната на животот, кравата не дава млеко. Ако ти не ја измолзиш, не добиваш млеко.
Има генерации која мислат дека кравите ДАВААТ млеко. Дека работите се автоматски и бесплатни: нивниот менталитет е дека ако „сакам нешто, барам нешто – го добивам“.
„Тие се навикнати да добиваат сè што сакаат на лесен начин… Но не, животот не е прашање на сакање, барање и добивање. Она што човекот го добива е трудот на она што го прави. Среќата е резултат на труд. Недостигот на напор создава фрустрација“.
Затоа, споделете ја животната тајна со вашите деца уште од мали нозе, за да не растат со помислата дека владата, општината, нивните блиски или нивните родители ќе им дадат се што им треба во животот.
Запомнете „Кравите не даваат млеко, треба Вие да го измолзите“.
Автор: Riccardo De Pol
Превод и адаптација: Гоце Бумбаровски
Фото кредит © Катерина Мавровска / Slow Food Macedonia
Во пресрет на МЛЕКО 2022: Како да го „биеме“ млекото?
03 септември 2022, Парк кај Саат кула, Прилеп
Добредојдовте на МЛЕКО 2022!
#МЛЕКО2022 #Биодиверзитет #Традиција #БИЕНО #SlowFood