Slow Fish 2015 онлајн!

НовостиБавни вестиSlow Fish 2015 онлајн!

Сподели

Од 14-ти до 17-ти мај, крајбрежниот град Џенова во северна Италија повторно ќе биде домаќин на меѓународниот настан на Слоу Фуд посветен на одржливиот риболов: Слоу Фиш (Slow Fish).
Настанот се организира на секои две години и ги слави разноликоста на риболовот и гастрономските култури кои се наоѓаат околу Медитеранот. Исто така има за цел да ја зајакне мрежата на Слоу Фиш на Медитеранот преку помагање на рибарските заедници, со цел да да им овозможи да подигнат заеднички глас за предизвиците со кои се соочуваат како што се загадувањето и прекумерниот индустриски риболов.
Се очекуваат делегати од повеќе од 15 земји на овогодинешниот настан, заедно со љубителите на морската храна од целиот свет, кои ќе се соберат во старото пристаниште на градот заедно со производителите и продавачите на риба; каде ќе можат да дознаат повеќе за занаетчискиот риболов и се разбира … да вкусат риба!

Посетителите не само што ќе имаат можност да ја откријат огромната разновидност на риба (а многу од нив не се користат во секојдневната исхрана), но, исто така, сол, зачини, ладно цедено маслиново масло, песто, пиво и вино – вклучувајќи многу локални специјалитети од регионот Лигурија.
На своето седмото издание, Слоу Фиш ќе обрне посебно внимание на проблемите на загадувањето и недостигот на млади луѓе кои ќе ја заменат постарите рибари кои се пензионираат. Исто така, ќе се разговара за прашањата поврзани со управувањето, користењето на локални еколошки знаења и вклучување на локалните заедници.

Како и на сите Слоу Фуд настани, едукацијата е високо на агендата, на програма се планирани интерактивни работилници, презентации и конференции посветени на креирање на поголема свест за важноста на нашиот избор и однесување при утврдување на здравствената состојба на водите.

Па што чекате? Придружете ни се во Џенова! Дознајте повеќе тука: www.slowfish.slowfood.it/en

Дознајте повеќе за меѓународната Слоу Фиш кампања, со активности во целиот свет www.slowfood.com/slowfish

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...