Слоу Фуд Прилеп ја започна својата активност за одбележување на Денот на пчелите, кој веќе традиционално се одбележува на 20 мај.
На прилепските основни училишта ,,Кочо Рацин”, ,,Кире Гаврилоски- Јане“, ,,Блаже Конески” и ,,Климент Охридски” кои се дел од проектот Слоу Фуд Училишни градини, им се доделуваат по пет садници сончоглед 🌻 да ги засадат во училишните градини кои се во прва фаза од проектот.
Садниците се одгледани од семе, од нашиот член Филип Димкоски кој е асистент на проектот ,,Училишни градини-зелен полигон на едукација” кој го спроведува Слоу Фуд Водно.
Слоу Фуд Прилеп во соработка со Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин” од Велес, на споменатите училишта и на ОУ ,,Страшо Пинџур” од с. Мало Коњари, им додели по еден примерок од книгата од група македонски поети во чест на стогодишнината од раѓањето на великиот Блаже Конески.
Сончогледот е култура која не само што ја разубавува градината и и дава светлост, туку е и важна индустриска култура од која се добива масло, но е многу важен и како храна за пчелите. Пчелите се чести гости на жолтите, крупни, сончогледови цветови.