Во питомиот југозападен агол на Бугарија, во подножјето на планината Беласица, во пограничната зона со Македонија се наоѓа една од заедниците на Слоу Фуд во Бугарија – „Слоу Фуд Подгорие“. Заедно со нив и Паркот на природата „Беласица“, колегите од Слоу Фуд Бугарија го организираат второто издание на прекуграничниот форум „Тера Мадре Беласица“, кој ќе се одржува од 26 до 28 август.
Вчерашниот ден, беше посветен на научна конференција на тема „Локалните заедници и заштитените подрачја“, чија цел беше преку практични примери се да покаже дека заштитените подрачја се места со можности, а не забрани. На оваа тема беше и дискусијата на преставниците од Македонија, од конвивиумот Слоу Фуд Осогово, лидерот Страшко Милошевски ги презентираше и ги споделија искуствата од процесот на прогласување на заштитеното подрачје „Осогово“ и што тоа значи за локалните заедници.

Во рамките на конференцијата имаше презентација за „Примена на концептот Slow Food Travel на примерот на општина Радомир“ – иновативен пристап за развој на туристичка дестинација. Темата предизвика исклучително голем интерес и жива дискусија.
Саботата и неделата беа резервирани за прошетка по планината и посети на селата Габрене, Јаворница и Кључ, со цел да се запознаат учесниците со локалното население и дегустација на вкусни гозби. Во секој случај интересно, задолжително вкусно и секако забавно.

И со второто издание, локалните и одговорни производители се потврдија за гостопримливи домаќини и амбасадори на еко-заедницата Тера Мадре Беласица!