Домородна Тера Мадре

Домородните народи во светот зачувале единствени знаења кои денес се изгубени во современото живеење: знаење за тоа како да се грижиме за нашите суровини, како да ја произведуваме нашата храна, како да ги заштитиме нашите ресурси и да го зачуваме биодиверзитетот. Ваквото знаење е неопходно за да се обезбеди визија и можности кои даваат пристап кон добра, чиста и правична храна.

Целта на овој проект, беше да се даде придонес во јакнењето на културите на храна на домородните народи, да се создадат подобри можности за да бидат слушнат и нивните барања. Како дел од ова Слоу Фуд Сапми во соработка со Слоу Фуд од Шведска и интернационалниот Слоу Фуд, од 17-ти до19-ти јуни, 2011 година во Јоккмокк организираа средба, наречена „Домородна Тера Мадре“ на овие домородни луѓе од светот. Јокмок се наоѓа во Шведскиот дел од Сапми, земјата на Сами луѓето. Средбата се одржуваше на брегот на езерото Далвадиш, во средината на Јокмок, каде за таа цел беа изградени неколку големи лавус колиби, типични за регионот и народот од тој регион.
Темите на средбата беа: климата, локалните системи на храна, зачувување на агробиодиверзитетот, традиционалното знаење и домородните јазици, поврзувајќи ги различните искуства на овие луѓе за традиционалната употреба на овие природни ресурси. Во оваа тема беа вклучени темелни дискусии за разните модели и стилови на живеење и погледи на домородните луѓе, како и другите локални заедници кои можат да придонесат кон поголема флексибилност, начинот на кој интеракцијата на човекот со природата може да го отстрани загадувањето на животната средина и начините на кои можат да се обезбедат подобри услови за одржлива прехранбена индустрија.

Домородната Тера Мадре започна на 17-ти јуни во петок попладне и траеше до 19-ти јуни во недела навечер. Во текот на овие два и пол дена и три ноќи, пред започнувањето и по завршувањето на конференциите, беа организирани различни предавања, работилници и концерти на традиционална музика. Учесниците ги претставија домородните народи од целиот свет, вклучувајќи ги и Сами луѓето од целата Сапми област. На автохтоната Тера Мадре присуствуваа 300 делегати од кои поголемиот број потекнуваат од земји надвор од Скандинавија, како на пример Кина, Мексико, Еквадор, Индија, Монголија, Канада, Русија, Нова Каледонија, вкупно од триесетина земји во светот, од педесеттина заедници на храна. На средбата беа присутни уште 200 набљудувачи, политичари и креатори на јавното мислење.

Со оваа средба Слоу Фуд ја постигна целта за „вмрежување“, односно поврзување и размена на искуства на домородните народи на светот.

Ивана Лембовска