ЛИБЕРТАС: Ликовна колонија: Стоп за генетски модифицираните организми

Прес прегледЛИБЕРТАС: Ликовна колонија: Стоп за генетски модифицираните организми

Сподели

Младите од невладината оганизација Слоуфуд (Slowfood) денеска во Старата скопска чаршија организираат ликовна колонија на тема „Стоп ГМО со уметност“.

Студенти од Факултетот за ликовни уметности и ученици од Средното уметничко училиште преку цртежи ќе го изразат своето мислење за овој тип храна.
Во рамки на колонијата ќе има и мал едукативен штанд со информации за влијанието и штетноста на генетски модифицираната храна.

Здружението „Слоу фуд Македонија“ го промовира значењето на традиционалната и здрава исхрана која во модерното општество се повеќе е потисната од генетски модифицираните организми.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...