Општина Дојран во соработка со федерацијата на жени-фармери од Македонија и фирмата “Слоу фуд конвивум Шарпланинска”, вчера го промовира проектот за подготовка на слатко од диви смокви.
Ова е карактеристичен домашен десерт присутен на трпезата во секое дојранско домаќинство, подготвуван од зелени диви смокви. Покрај карактеристичниот плод присутен на југот од Македонија што е под влијание на медитеранската клима, ова слатко е одлика на традиционалното кулинарско мајсторство, бидејќи се вари во девет различни води, а сепак треба да се задржи плодот цел.
Производот ќе биде промовиран во присуство на значајни меѓународни и домашни гости, а во соработка со “Слоу фуд” овој производ ќе биде заштитен преку нивната листа на типични производи.