Денеска во Тирана се одржа прес-конференција, каде што се презантираше “Тера Мадре Балканс”
ТИРАНА (АА) – Четвртото издание на саемот за земјоделство “Тера Мадре Балкан” кој се одржува од 2-и до 5-и јуни во Тирана, ќе ги собере земјоделците од неколку балкански земји за промовирање на своите производи, вклучувајќи ги и областите на економијата, земјоделството, туризмот, храна и начин на исхрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска во Тирана се одржа прес-конференциите за медиуми, каде што се презантираше „Тера Мадре Балкан”, каде преа претставени деталите за организацијата, земјите учеснички и активностите кои ќе бидат организирани.
На конференцијата, албанскиот министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство, Едмонд Панарити, го процени како многу важно одржувањето на овој настан на Балканот. Во својот говор тој се фокусираше и на развивањето на активностите во албанското земјоделството, каде што истакна дека во изминатите две години значително е зголемена понудата на свежите производи.
„Ова полугодие произведуваме 50 отсто повеќе природни земјоделски производи отколку пред една година, и увозуваме 10 отсто помалку индустриски преработени производи. Овој тренд треба да се зајакне”, рече Панарити.
На овој настан се состануваат 400 делегати од 12 земји, како што се Македонија, Албанија, Косово, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија, Србија и Италија.
Во рамките на „Тера Мадре Балкан„, исто така ќе се организираат и тркалезни маси, работилници и разни конференции. Некои од темите на дискусиите ќе бидат: борбата против глобалниот глад, пристапот до пазарот-пристап до можностите, стабилниот рурален туризам и пристапот до мултифункционалното земјоделството.
Извор: Анадолу Агенсу