ГЕВГЕЛИЈА.НЕТ: Алтернативен туризам – Дојранска автентика 2012

Прес прегледГЕВГЕЛИЈА.НЕТ: Алтернативен туризам - Дојранска автентика 2012

Сподели

Општина Дојран во соработка со Слоу Фуд конвивиум и Здружението на жени и годинава ја организираше четвртата по ред манифестација за промоција на слатко од диви смокви и домашни кулинарски производи приготвени со природни плодови од поднебјето на Дојран.

Ова е само еден од начините преку промоција на традиционалната домашна кујна и специфичните кулинарски производи од дојранскиот крај пред поширокиот круг посетители, да се привлечат гости кои ќе ги вкусат автентичните вкусови создадени од јужните медитерански плодови кои успеваат и во овој крај.

– Целта на манифестацијата е да покажеме дека Дојран е навистина автентичен, има што да понуди и да привлече што поголем број туристи. Се надеваме дека гостите што ќе дојдат и ќе ја посетат манифестацијата ќе ја вкусат автентичната дојранска храна ќе раскажат за неа на своите пријатели и ќе не посетат повторно со нови импресии, вели Магде Кречева, советник за туризам во Општина Дојран.

Аница Делевска не го криеше рецептот за подготовка на ова домашно приготвено слатко од диви смокви кое налага стрпливост и умешност каква што поседуваат дојранските жени. Се подготвува во девет води, се спрема посебен шербет, се вари, се тргнува од оган за неколку минути, па повторно се враќа на оган за кратко, а се полни во тегли другиот ден. Оваа своја умешност ја презентираше на отворено со лонецот во кое го подготвуваше ова вкусно домашно слатко од диви смокви, на градскиот плоштад каде се одржуваше манифестацијата.

Слаткото од диви смокви е заштитен производ на меѓународната организација Слоу Фуд, преку конвивиумот во Дојран. Оваа организација успеа изминатите три години од своето формирање да го претстави слаткото на меѓународни саеми во Италија, Франција, Хрватска. Претседателката на Слоу Фуд од Дојран Илинка Веселиновиќ за овој типичен дојрански производ вели дека е природен и еколошки, што е главна одлика на здравата храна и здравиот начин на живот.

Свои штандови на четвртата по ред презентација на автентични дојрански производи имаа и членките на Здружението на жени „Дојрана“, Кичка Георгиева од Нов Дојран претставнички од Валандово и самостојни излагачи. Меѓу вкусните јадења беа изложени и сувенири, познатата дојранска мандра изработена од трска и дојранските кристали. Се во насока на промовирање на алтернативните форми на туризам со цел Дојран да функционира туристички пред и после летната сезона.

http://gevgelijanet.com

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...