Дневник: „Слоу фуд“ ќе промовира македонска храна

Прес прегледДневник: „Слоу фуд“ ќе промовира македонска храна

Сподели

Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на „Слоу фуд“ ќе го трасираат патот за промоција и за продажба на европскиот пазар.

Ова е заклучокот од вчерашната средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на „Слоу фуд фондација за биодиверзитет“ од Италија.
– Покрај слаткото од диви смокви, планираме на листата со заштитени производи да се најдат и мавровското бело сирење, галичкиот кашкавал и други земјоделски производи што традиционално се произведуваат, како и говедата од расата буша – изјави Филипо Унтерхофер, претседател на македонската „Слоу фуд“.

www.dnevnik.com.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...