ИНПРЕС: Смоквијада 2011 во Гевгелија

Прес прегледИНПРЕС: Смоквијада 2011 во Гевгелија

Сподели

Утре ќе се одржи традиционалната манифестација Смоквијада 2011 во Гевгелија на која годинава се пријавиле рекорден број од 30 учесници – подготвувачи на слатко од смокви.

Годинава во рамките на манифестацијата, покрај приготвувањето на слатко од смокви, ќе се одржи саем на традиционална храна и производи и богата културно-забавна програма.
Смоквијадата започнува со дефиле на сите учесници, кое започнува во 19 часот, на шеталиштето од каде што ќе се упатат кон Градскиот стадион.
Свеченото отворање на Смоквијадата е закажано во 19.30 часот на Градскиот стадион во Гевгелија, по што следува натпреварот за приготвување на слатко од смокви. На 15 тави 30 приготвувачи на слатко ќе се натпреваруваат во приготвувањето на слатко, кое ќе трае до 23 часот.
Паралелно ќе се одвива и Саемот на традиционална храна и производи, на кој ќе учествуваат претставници на сите 11 здруженија на Слоу Фуд (Меѓународна организација за локална храна). Покрај штандовите на домашните здруженија од Осогово, Малеш, Кумановско, Поречје, Пелагонија и Гевгелиско-Валандовскиот регион.
На Саемот свој штанд ќе има и Слоу Фуд од Белград, како и екипа на „Празникот на тиквите” од Севлиево, Бугарија. Сите тие на поставените штандови пред Градскиот стадион ќе ги претстават своите локални бренд-производи.
Манифестацијата Ќе биде збогатена со богата културно забавна програма во која ќе земат учество, пеачи, фолклорни групи и ансамбли од целата земја.
Посебна жири комисија ќе го одбере најдоброто слатко од смокви, а прогласувањето ќе биде по 23 часот.

http://www.inpress.com.mk/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...