Кален.мк: Ниелени Европа 2011, Европски форум за суверенитет на храната

Прес прегледКален.мк: Ниелени Европа 2011, Европски форум за суверенитет на храната

Сподели

Суверенитет на храната, европски одговор на кризата!
Кремс-Австрија- 22 август 2011 година

По 5 дена интензивна, инспиративна и конструктивна размена, Ниелени Европа 2011, Европски форум за суверенитет на храната се затвори вчера. Форумот ја донесе првата европска декларација за суверенитет на храната.

Преку 400 делегати од европски земји, меѓу кои и претставници од Македонија предводени од Кален – Платформа за себереализација и одржливи начини на живот, се заложија на зајакнување на нивниот колективен капацитет за враќање на контролата врз системот на храна во рацете на заедниците, за пружање отпор на агро-индустриските системи и за проширување и консолидирање на силно европско движење за суверенитет на храната.
Повеќе од 120 организации и поединци, кои го претставуваат граѓанското општество и социјалните движења дискутираа за влијанието на тековните европски и глобални политики. Заедно тие развија сеопфатна платформа и пакет принципи за постигнување на суверенитет на храната во Европа. Форумот стави нагласка на придонесот на гласот на младите луѓе, жените и производителите на храна, чии грижи честопати се занемарени. Оваа разновидност и богатство на искуства овозможи Форумот Ниелени Европа 2011 да идентификува заедничка рамка и да дефинира заеднички акциски план заснован на демократски и партиципаторен процес.

Декларација прогласува: “ние сме убедени дека промената на нашиот систем за храна е првиот чекор кон поширока промена во нашите општества”. Делегатите на Форумот силно се заложија да го земат системот на храна во своите раце преку:
– Заедничко работење кон постигнување на еколошки одржлив и социјално правичен модел на производство и потрошувачка на храна заснован на неиндустриско земјоделство, преработка и алтернативна дистрибуција
– Децентрализирање на системот на дистрибуција на храна и скусување на синџирот помеѓу производителите и потрошувачите
– Подобрување на работните и социјалните услови, особено на полето на храната и земјоделството
– Демократизирање на процесот на донесување одлуки за употребата на заедничките вредности и наследства (земјиште, вода, воздух, традиционално знаење , семиња и добиток)
– Осигурување дека јавните политики на сите нивоа гарантираат виталност на руралните области, правични цени за производителите на храна и безбедна, генетски немодифицирана храна за сите.
Во ова време на политичка нестабилност, социјална и економска криза, делегатите на Ниелени Форумот за суверенитет на храната ја реафирмираа својата визија за единство која го истакнува правото на сите народи да ги дефинираат своите политики и системи за храна и земјоделство без да наштетуваат ниту на луѓето ниту на бесценетите природни ресурси, како што и имплицира суверенитетот на храната.

Токму затоа ние бараме суверенитет на храната во Европа сега.

Целиот декст на декларацијата е достапен на веб страницата на Ниелени Форумот 2011: www.nyelenieurope.net
Македонската делегација на Ниелени форумот беше составена од НВО Кален, НВО Гринер, Федерацијата на фармери на РМ (мрежа на млади фармери и мрежа на жeни фармери, Здружение на органски производители Аронија-Делчево, Слоу Фуд Битола, Агроконсалтинг-Про и неколку индивидуални произодители и трговци со органска и здрава храна.
www.kalen.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...