Курир: Македонско слатко од диви смокви го освои швајцарскиот саем во Пајерн

Прес прегледКурир: Македонско слатко од диви смокви го освои швајцарскиот саем во Пајерн

Сподели

Сите репрезентативни примероци на слаткото од диви смокви со кои општина Богданци се претставуваше на годинашниот 6-ти по ред меѓународниот саем во Пајерн, Швајцарија, се откупени од тамошните организатори и се послужени како главен десерт на свечениот ручек по повод отварањето на саемската манифестација, што се одржа минатата недела.

Покрај слаткото од диви смокви, кој претставува президиум, заштитен производ на меѓународната организација за природна традиционална храна „Слоу Фуд“, во која членуваат 137 земји од сите краеви на светот, на саемот општина Богданци ги понуди уште вината на винаријата „Дехри“ и млечните производи на ЗТД „Сточарство“ од Богданци.
Годинава покрај забележителниот вкус на своите производи, Богданци, заедно со производи од македонски фирми од општините Прилеп и Неготино, како претставници од Македонија, ја имаа почесната улога да бидат домаќини на саемската манифестација во швајцарскиот град Пајерн, со слоганот: „Најдобриот вкус од Македонија“.

Саемската презентација на која учествуваа 236 излагачи од повеќе земји, за отворена ја прогласи македонскиот амбасадор во Швајцарија Рамадан Назифи, а меѓу присутните беше и почесниот конзул на Македонија во Берн, Владимир Ралев, како и претставници од јавниот и стопанскиот живот на земјата домаќин, земјите учеснички и гости на саемот.
www.kurir.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...