Во Лесново се формираше регионално здружение Осогово кое ќе има за задача да ги брендира традиционалните јадења и производи од повеќе градови на источна Македонија.
На првиот регионален “слоу фуд“ собир “Вкусот на Осоговието“ што изминатите три дена се одржа во Лесново кај Пробиштип, беше презентирана богата традиционална храна од Осоговскиот регион, претставена од вредни домаќинки на традиционален начин, проследено со звуци на етно музика.
“Досега го брендиравме слаткото од дива смоква, а во наредните месеци тоа ќе го сториме и со мармаладот од вишни добиени од атарот на село Трооло-Пробиштипско, како и “к`цаната“ сол од Лесново во која се содржани десетина билки од Осоговијата“, истакнува Нада Караиванова, координатор за источна Македонија на “слоу фуд“ здружението од Македонија.
За Ренато Гранде, “слоу фуд“ координатор за регионот Венето во Италија, кој инаку е професор по историја и гастрономија, престојот во Лесново и дегустацијата на македонските традиционални јадења е убава можност да го вкуси квалитетот на повеќе традиционални јадења стари и повеќе од 150 години.
http://kapital.mk