Новата студија објавена во август ја документира врската помеѓу неоникотиноидите и големиот пад на дивите пчели во Англија.
Студијата беше прва од овој тип, која дава јасна слика на долгорочните влијанија на овие инсектициди, во периодот 1994 до 2012 година. Истражувањата ее изведени со споредба на различни локации, на 62 видови на пчели и промените во структурата на маслодајната репка, како главен извор на полен за пчелите. По 2002 година, кога фармите во Велика Британија добија дозвола да ги користат и третираат полињата со маслодајната репка, научниците забележаа просечен пад од 13% на бројот на колонии на пчели. Истражувачите во Центарот за екологија и хидрологија (CEH) тврдат дека неоникотиноидите се одговорни за падот на 7% од колониите на пчели, или околу половина од вкупниот пад. Но, според новата студија, овие инсектициди предизвикаа пад од 10%.
Ова истражување, објавено во магазинот Nature Communications, доаѓа во пресрет на разгледувањето на прашањето за забрана на примената на неоникотиноидите во земјите членки на ЕУ, од страна на телото за безбедност на храна, чија одлука треба да биде објавена до јануари 2017 година, за забрана за три неоникотиноиди: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам.
Линк до студијата тука.
Фото кредит © Etienne Bruneau, CARI