НОВА МАКЕДОНИЈА: Галичкиот кашкавал патува во светот

Прес прегледНОВА МАКЕДОНИЈА: Галичкиот кашкавал патува во светот

Сподели

Минатата недела во италијанскиот град Бра, во северна Италија, познат како историски центар за зреење на сирења и седиште на централната канцеларија на светската мрежа на организацијата „Слоу фуд“ се одржа осмото издание на биеналниот фестивал „Чиз 2011 ле форм де лате“ (Cheese 2011 Ле форме де лате). Станува збор за специјализиран репрезентативен фестивал на кој се изложуваат сирења и други млечни производи. Се води сметка за тоа овие производи да бидат автентични. По правило, на овие фестивали учествуваат производители, експерти, трговци и љубители на сирењето.

Во текот на четирите фестивалски дена на оваа манифестација учествуваат околу 160.000 посетители, кои можат да ги дегустираат сирењата. Оваа година беа изнесени 71 сирење од светот. Се разбира, тука беа и производителите на вино, кои ја нудеа неизбежната комбинација на вино и сирење, се служеше и пиво, храна и друго. Во рамките на овој фестивал се одржуваат многубројни семинари и дискусии од областа на млекарството, работилници за дегустации и вкус, за едукација на младите.

За нас беше особено интересно што на фестивалот учествуваа неколкумина производители под наслов – Сирења произведени во услови на високопланинска испаша, на мандри во мавровско-реканскиот регион. Тука беа претставени кашкавалот на „Мандра Галичник“, сирењето „кораб“, како и требишкото сирење. Првиот ден нашите сирења се претставени во просторите на црквата „Сан Роко“ и на промоцијата во кафетеријата на фестивалот, проследени со дегустација и презентација од страна на професорката Соња Србиновска. Вкусовите на нашите сирења беа одлично прифатени од експертите и од публиката.
Уникатноста на сирењата и како регион и како начин на кој се создаваат, како и заради специфичните органолептички својства, е она што го привлече вниманието на одговорните во организацијата „Слоу фуд“ (која е инаку одговор на сé пораширената брза исхрана). Да напоменеме дека нашите сирења добија најдобри места во повеќе статии посветени на фестивалот.

„Слоу фуд“ во Македонија, преку овој проект, помага во зачувувањето на традиционалното производство на овие сирења.
http://www.novamakedonija.com.mk/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...