Региони.мк: Здружението “Слоу фуд” домаќин на регионалното претставување на мали семејни бизниси

Прес прегледРегиони.мк: Здружението “Слоу фуд” домаќин на регионалното претставување на мали семејни бизниси

Сподели

Здружението на производители на здрава храна “Слоу фуд” од Кавадарци беше домаќин на регионалното претставување на малите семејни бизниси кои делуваат во рамките на македонскиот игранок на светската асоцијација на производители на здрава храна.

Во ресторанот на хотеклот “Уни Палас 2″ беа изложени производите од грозје и традиционалните тиквешки јадења. Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на мајката земја, десетте македонски регионални центри на посебно приготвени штандови се претставија традиционалните производи карактеристичниза секој регион.
Тиквешките производители на здрава храна на средбата во Кавадарци презентираа маџун на производителот “Еко Мак Мартина”, потоа гроздов мед од фирмата “Ерос”, како и вино од винарниците “Попова Кула” од Демир Капија и “Ѓи Ем Ен” од Кавадарци.

Дополнување на настанот направија членките на здружението “Вешта жена” од Кавадарци кои приготвија традиционални тиквешки специјалитети. Настанот во целост беше поддржан од градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци.
www.regioni.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...