Силна мрежа на Слоу Фуд Балкан, подготвена за брзи акции

НовостиБавни вестиСилна мрежа на Слоу Фуд Балкан, подготвена за брзи акции

Сподели

Од 22-24.06.2018 во Крушево, Р. Македонија, се одржа првата работилница насловена како „Силна мрежа на Слоу Фуд Балкан, подготвена за брзи акциии“. Главната цел на работилницата беше да се идентификуваат потенцијалите на националните мрежи на секоја од земјите членки и да се разменат знаења и расположливи капацитети со цел да се развијат одржливи структури на национално ниво. Освен тоа, беа разгледувани и веќе идентификуваните заеднички теми за истражување и иновации на разновидноста и безбедноста на храната и зачувувањето на националното наследство во делот храна по пристапувањето во ЕУ.

Целосна програма на работилницата.
Фотогалерија од работилницата.

Работилницата беше поддржана од SWG со финансиска помош од проектот “Рурален развој преку интегрирано управување со шумите и водните ресурси во Југоисточна Европа: рурални перспективи: квалификација, реинтеграција и (само) вработување” финансиран од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, имплементиран од SWG и GIZ.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...