СИТЕЛ: Привршуваат подготовките за прославата на „Св. Трифун“ во Кавадарци

Прес прегледСИТЕЛ: Привршуваат подготовките за прославата на „Св. Трифун“ во Кавадарци

Сподели

Општина Кавадарци и годинава организирано ќе го одбележи празникот „Св. Трифун“, Денот на овоштарите и лозарите.
Реализатор на програмата е домот на културата „Иван Мазов-Климе“, а во неа се вклучени и Музејот галерија Кавадарци, здружението „Вешта Жена“ и новоформираниот клуб на производители на домашна храна „Слоу фуд“ Кавадарци.
Свеченостите почнуваат во понеделник попладне со отворање на традиционалната изложба на кавадаречкиот ликовен уметник акварелист Лазар Дојчинов во Музејот галерија, продолжува во Домот на културата со Саемот на вино и храна што го организираат „Слоу фуд“ и „Вешта Жена“.

Во вторник централен настан е закројувањето на виновата лоза во дворот на црквата „Св. Димитрија“ од каде гостите ќе се упатат кон градскиот плоштад. На централната бина ќе настапат фолклористите од професионалниот ансамбл „Северњачки“ од Плевен, Бугарија и домаќините, ансамблот „Тиквеш“ од Кавадарци. Пред присутните ќе се претстават и учениците од ЗШУЦ „Ѓорче Петров“, а на локација во близина на градот ќе се одржи натпревар во вешто и брзо кроење на кое ќе се прогласат тројцата најдобри.

Програмата за „Св. Трифун“ завршува вечерта со заеднички концерт на фолклорните ансамбли од Плевен и Кавадарци во Домот на културата.

www.slitel.com.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...