Славните готвачи од фрлената храна од олимпиското село подготвуваат оборци за бездомници

НовостиБавни вестиСлавните готвачи од фрлената храна од олимпиското село подготвуваат оборци за бездомници

Сподели

Размислете за тоа што се е потребно за да ги задржи сите оние машини од олимпијци нахранети и хидрирани за еден оброк на игрите во Рио: 250 тони прехранбени артикли и состојки за да се пополнат стомаците на 18.000 спортисти, тренери и официјални лица во олимпиското село.

И доколку се помножи таа бројка по три – за појадок, ручек и вечера – и повторно за секој ден на Игрите, се добиваат огромни суми.

Од другата страна на Атлантскиот Океан, италијанскиот готвач Масимо Ботура, исто така направи математика и се инспирира, од не така привлечната количина на храна и производи, кои завршуваат како отпад во олимпиското село.

“Мислев дека, ова е можност да се направи нешто, што може да направи разлика”, изјави Ботура, чиј ресторан во Модена, Остерија Франческана, неодамна ја доби највисоката награда од 50-те најдобри ресторани во светот.

Во четвртокот навечер, група готвачи, во една импровизирана кујна, заедно со бројните волонтери подготвија вечера за 70 бездомници.

Групата готвачи реши да се обиде да го ублажи проблемот со гладот во Рио де Жанеиро така што ќе подготвува оброци од вишокот храна во олимпиското село и ќе им ја подели на сиромашните жители на овој бразилски град.

Организацијата на триесет и првите Олимписки игри се соочи со бројни критики поради фактот дека Бразил, и покрај несомнениот развој во минатите децении, сè уште се бори со сиромаштијата, а готвачите решиле да ја подобри нивната состојба.

Готвачот Масимо Ботура од Италија и Давид Херц од Бразил одлучија да подготват 5.000 оброци дневно користејќи само состојки кои најверојатно би завршиле во канта за отпадоци.

„Користиме работи како ‘грдо’ овошје или јогурт кој ќе биде фрлен ако не се искористи во рок од 48 часа“, вели Херц од компанијата RefettoRio Gastromotiva, која ќе работи на подготовка на храната за време на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Идејата за подготвување оброци на ваков начин е инспирирана од примерот на 65 готвачи кои во 2015 година готвеа од остатоците од храната од миланскиот Светски саем ЕХСПО 2015.

Фото кредит © New York Times

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...