„Слоу викенд„ во Кратово

НовостиБавни вести„Слоу викенд„ во Кратово

Сподели

Слоу Фуд Осогово и етно куќа „Шанчева“ ги покануваат сите членови и поддржувачи на Слоу Фуд, ученици, студенти по гастрономија, туристи, љубители на македонската храна, на 5 и 6 ноември 2016, недела во етно куќа „Шанчева“, Кратово на „Слоу викенд“, да се запознаат со семејната традиција на семејството Доневски од Шлегово, долга преку 250 години, на подготовка на ретки специјалитети и рецепти, кои љубоморно се пренесувани од постарите на помладите членови во семејството.

Програмата опфаќа:

  • Работилница за подготовка и дегустација на K’ цана сол во етно куќа „Шанчева“;
  • Дегустација на домашни лебови, погачи и специјалниот  р`жан леб „Пета“;
  • Прошетка и разгледување на градот Кратово со локален водич, тура по мостовите, кулите, изложбена постановка на етно ризница, црквата св Јован Претеча во рибарското маало, подземните тунели под градот;
  • Факултативен ручек со кратовска пастрмајка во ресторан Александрија;
  • Уживање со етно музика од осоговскиот регион;
  • Посета на камената свадба во Куклица.

Етно куќата „Шанчева“ ќе биде отворена во текот на двата дена, во периодот од 10-16 часот.

Повеќе информации на следните линкови:

Секој патник добронамерник, секој турист, љубител и истражувач на вкусовите е добредојден.

Ве очекуваме!

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...