Наоѓање добар баланс помеѓу хигиенските правила, производство во мал обем и квалитет. На оваа тема во Битола се организира тридневна конференција која е организирана од Слоу фуд од Битола во соработка со германската невладина организација Форум Синерџи. Овој настан ќе ги охрабри позитивно регистрацијата и примената на флексибилност кај занаетчиски и мали прехранбени производи. Ќе биде инициран конструктивен дијалог помеѓу производителите, органите и креаторите на политиката задолжена за хигиенските правила, за земјите со пристапување во ЕУ.
-Овие дена имаме посета на терен, ќе ги посетиме локалните производители, изјави Елена Каревска, Слоу фуд Битола.
Од Европската комисија велат дека е многу важно малите производители да знаат дека има можности како да ги применат правилата за хигиена, како да го применат законодавството. Важно е да добијат информација за тоа, да добијат знаење и совет.
-Во Европската Унија има значителни законодавства кои се однесуваат на хигиенските правила, но не треба да забораваме дека има некои флексибилности кои се инкорпорирани во оваа легислатива кои националните администрации можат да ги користат за да ги олеснат животите на малите производители, особено во делот на директни продажби и во случаи на производство на традиционална храна.
Она што е важно да се знае е дека европската легислатива не е тука да хармонизира, но тука е да донесе флексибилност и да осигура дека она што е традиција може да остане како таквo, а не да се наметнуваат правилата дека се мора да биде направено на ист начин, се треба да има ист вкус, појава. Има можности, но секоја национална влада смора да се осигура дека овие можности се земени предвид, изјави Бранка Томе, Европска комисија.
Европската Унија е посветена кон промовирање на локалните системи за производство на храна. Сепак во повеќето земји-членки и простапните земји од ЕУ оваа флексибилност ретко се применува со што ги принудува многу од производителите на традиционална храна да излезат надвор од бизнисот.
Извор: http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/77778-kako-da-im-se-pomogne-na-malite-proizvodstva