Општина Дојран во соработка со Slow Food Дојран и Здружението на жени Дојрана, како и во соработка со самостојните изложувачи и годинава ја организираа манифестацијата “Промоција на слатко од диви смокви”, која веќе има репутација на традиционална манифестација.
Промоцијата на овој производ карактеристичен за југозападниот дел од Македонијабеше и повод дојранските домаќинки на познатото дојранско место “под јаворите” да им покажат на заинтересираните туристи како се пoдготвува познатото слатко од диви смокви. И домаќините и гостите сметаат дека токму ваквиот традиционален начин на подготовка на храна е тоа што и треба на Македонија за поголема конкурентност на странските пазари, како и за поголема самопромоција.
Општина Дојран слаткото до сега го има промовирано на значајни саеми во Италија, Франција и во земји од соседството. Смоквијада имаше и во Богданци. Таму во организација на регионалната женска организација Еко Розалес од Богданци, а под покровителство на Општина Богданци се одржа третиот по ред традиционален ,,Фестивална слатко од дива смоква,,.
Бидејќи временските услови не дозволија годинава овој настан да се изведе како дел од чествувањето на Свети Атанасиј Велики, на 15 мај, викендот беше искористен да се реализира манифестацијата и традицијата да продолжи и понатаму. Инаку слаткото од диви смокви во Богданци се приготвува по народен рецепт кој стана Президиум на светската листата на еколошки чисти производи на меѓународната фондација ,, SLOWFOOD ,,.
извор: http://jugoinfo.mk/index.php?id=86